ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/93 стр. 3-6
  • Теократска школа на проповедање 1994

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Теократска школа на проповедање 1994
  • Нашата служба за Царството 1993
  • Поднаслови
  • УПАТСТВА
  • РАСПОРЕД
Нашата служба за Царството 1993
km 10/93 стр. 3-6

Теократска школа на проповедање 1994

УПАТСТВА

Во текот на 1994 година Теократската шнола на проловедање ќе биде организирана на следниов начин:

УЧЕБНИЦИ: Говорите ќе се темелат на Светото Писмо на Стариот и Новиот Завет (издание на Британското и инострано библисно друштво, 1990), Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог [uw], „Сето Писмо е од Бог инспирирано и корисно“ [si-SB], Најголемиот човек кој некогаш живеел [gt] и Библиски говорни теми [td-SB].

Школата ќе започнува со песна, молитва и изрази на добредојде, а потоа ќе уследи:

ГОВОР БР. 1: 15 минути. Овој говор треба да го одржи старешина или оспособен слуга помошник, а ќе се темели на книгата Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог или „Сето Писмо е од Бог инспирирано и корисно“. Оваа задача треба да се одржи иако 10-12-минутен поучен говор, после кој следат 3-5 минути усмено повторување со користење на печатените прашања од публикацијата. Целта не треба да биде само да се помине материјалот, туку да се обрне внимание на практичната вредност на информациите кои се разгледуваат, истакнувајќи го она што би било од најголема корист за собранието. Треба да се користи одредената тема. Сите се поттикнати однапред темелно да се подготват за да извлечат потполна корист од овој материјал.

Браќата на кои им е доделен овој говор треба да внимаваат да се држат на зададеното време. Приватен совет може се даде ако е потребно или ако говорникот однапред го побара.

ВРВНИ ТОЧКИ ОД БИБЛИЈАТА: 6 минути. Нив треба да ги изнесе надгледникот на шнолата, некој друг оспособен старешина или слуга помошник кој делотворно ќе го примени материјалот на месните потреби. Ова не треба да биде само сиже на доделениот материјал. Почетниот општ преглед на доделените поглавја ограничи го на 30 до 60 секунди. Главната цел е да им се помогне на присутните да сфатат зошто и каква вредност имаат тие информации за нас. Надгледникот на школата потоа ќе ги распореди учениците и во другите простории.

ГОВОР БР. 2: 5 минути. Тоа е читање на доделениот материјал од Библијата. Го држи брат. Ова ќе важи како за главната школа така и за помошните групи. Доделените пасуси за читање обично се доволно кратки да му допуштат на ученикот да даде кратко објаснување во уводот и заклучокот. Може да се вклучи историската позадина, значењето на пророштвото или науката, и примената на начелата. Треба да се прочитаат сите доделени стихови без прекинување. Се разбира, таму каде што стиховите што треба да се прочитаат не следат еден по друг, ученикот може да го спомене бројот на стихот со кој читањето продолжува.

ГОВОР БР. 3: 5 минути. Овој говор ќе им биде доделен на сестри. Темите за овој говор ќе се темелат на книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел. Ученичката на која ѝ е доделен говорот треба да знае да чита. Додека го држи говорот, ученичката може или да седи или да стои. Надгледникот на школата ќе одреди еден соговорник, но може да се користат и додатни соговорници. Најдобро е рамката да ја опфаќа службата на проповедање или неформално сведочење. Разговорот може да го започне онаа која го држи говорот или да дозволи тоа да го стори соговорникот/-ците. Поголема важност треба да му се придаде на материјалот, а не на рамката. Ученичката треба да се држи за зададената тема.

ГОВОР БР. 4: 5 минути. Се доделува на брат или на сестра. Ќе се темели на „Библиски говорни теми“. Кога му се доделува на брат, треба да го одржи како говор кон сите присутни. Обично ќе биде најдобро братот да го подготви својот говор имајќи ги на ум присутните во Царската сала за навистина да биде поучен и корисен за оние кои го слушаат. Меѓутоа, ако материјалот се покаже подобар за некоја друга практична и прикладна рамка која ги вклучува присутните, братот може да одлучи да го развие говорот на тој начин. Ученикот треба да се држи на зададената тема.

Кога ѝ е доделен на сестра, материјалот треба да се изнесе како што е изложено за Говор бр. 3.

СОВЕТИ И ЗАБЕЛЕШКИ: По секој говор што ќе го одржат учениците, надгледникот на школата ќе даде специфичен совет кој не е неопходно да биде по редоследот на совети што е даден на ливчето Совет за говори. Подобро е да се концентрира на подрачјата на кои ученикот треба да се поправи. Ако говорникот заслужува само Д, а нема други говорнички особини означени со П или Р, тогаш советникот ќе ја заокружи рубриката каде инаку би се појавило Д, П или Р, за следната говорничка особина на која ученикот би требало да поработи. Тој ќе го советува ученикот во врска со тоа истата таа вечер, а на следното ливче Задача за школата (Ѕ-89) ќе му ја означи таа говорничка особина. Оние кои имаат говори треба да седнат напред во салата. Тоа ќе заштеди време и ќе му овозможи на надгледникот да го советува директно секој ученик. Ако времето допушта, после давањето на потребниот устен совет, советникот може да ги прокоментира информативните и практични мисли коишто учениците не ги опфатиле. Надгледникот на школата би требало да внимава за советот и забелешките после секој говор да не потроши повеќе од две минути. Кога во изнесувањето на Врвните точки од Библијата е изоставено нешто битно, може да се даде приватен совет.

ПОДГОТОВКА НА ГОВОРИТЕ: Пред да го подготви говорот, ученикот треба внимателно да го прочита материјалот од Водичот за Школата кој се бави со говорничката особина на која треба да работи. Учениците на кои им е доделен вториот говор треба да изберат тема која одговара на делот од Библијата кој треба да се чита. Другите говори ќе се состават во склад со темата што е зададена во отпечатениот распоред.

ВРЕМЕ: Не треба да се пречекори времето за ниту еден говор, а тоа важи и за советите и забелешките на советникот. Говорите 2 до 4 треба тактично да се прекинат штом ќе истече времето. Братот кој е одреден да дава знак за прекин треба да го стори тоа веднаш. Кога браќата кои го држат Говор бр. 1 и Врвните точки од Библијата ќе го пречекорат времето, треба да им се даде приватен совет. Сите треба да внимаваат на своето време. Вкупно траење на програмата: 45 минути, без песната и молитвата.

ПИСМЕНО ПОВТОРУВАЊЕ: Повремено св врши писмено повторување. При подготовката повтори го зададениот материјал и доврши го читањето на поглавјата од Библијата според распоредот. Во текот на 25-минутното повторување може да се користи само Библијата. Остатокот од времето ќе се посвети на дискусија за прашањата и одговорите. Секој ученик ќе ги провери своите одговори. Надгледникот на школата заедно со присутните ќе ги разгледа одговорите на прашањата за повторување, а ќе се концентрира на потешките, помагајќи им на сите јасно да ги разберат одговорите. Ако од некои причини месните околности налагаат, повторувањето може да се одржи и една седмица подоцна.

ГОЛЕМИ СОБРАНИЈА: Собранијата кои имаат по 50 и повеќе ученици вклучени во школата можеби ќе сакаат да организираат додатни групи на ученици кои ќе ги одржуваат говорите пред други советници. Секако, и некрстени лица кои живеат во склад со христијанските начела можат да се запишат во школата и да имаат говори.

ОТСУТНИ: Сите во собранието можат да покажат ценење за оваа школа така што ќе настојуваат да го посетат секој седмичен состанок, ќе се подготват добро за своите задачи и ќе се јавуваат кога ќе се постават прашања. Се надеваме дека сите ученици совесно ќе ги извршуваат своите задачи. Ако ученикот кој е на распоредот не е присутен, еден доброволец може да ја преземе задачата, трудејќи се да ја изнесе онолку добро колку што му допуштаат можностите за таа куса подготовка. Со соодветно учество на присутните, материјалот може да го обработи и самиот надгледник на школата.

РАСПОРЕД

3. јан. Читање на Библијата: Неемија 9 до 11

Песна бр. 2

Бр. 1: Како се постигнува вистинска христијанска обединетост (uw стр. 5-7, пас. 1-7)

Бр. 2: Неемија 9:4, 26-33, 36-38

Бр. 3: Да се прават работи кои вистински вредат кај Бог (gt погл. 83)

Бр. 4: td 15А Божјата иамера со Земјата

10. јан. Читање на Библијата: Неемија 12 и 13

Песна бр. 129

Бр. 1: Неемија — Зошто е корисна? (si стр. 90, 91, пас. 16-19)

Бр. 2: Неемија 13:15-18, 23-31

Бр. 3: Одговорноста да се биде ученик (gt погл. 84)

Бр. 4: td 15В Земјата секогаш ќе биде населена

17. јан. Читање на Библијата: Естира 1 до 5

Песна бр. 132

Бр. 1: Увод кон Естмра (si стр. 91, 92, пас. 1-6)

Бр. 2: Естира 4:6-17

Бр. 3: Чувај се од самоправедност и цени ја понизноста (gt погл. 85)

Бр. 4: tdC 24А Како да се препознаат лажните пророци

24. јан. Читање на Библијата: Естира 6 до 10

Песна бр. 133

Бр. 1: Естира — Зошто е корисна? (si стр. 94, пас. 16-18)

Бр. 2: Естира 6:1-13

Бр. 3: Изгубениот син и неговиот татко полн со љубов (gt погл. 86, пас. 1-9)

Бр. 4: td 28А Зошто е животоважно духовното оздравување

31. јан. Читање на Библијата: Јов 1 до 3

Песна бр. 62

Бр. 1: Увод кон Јов (si стр. 95-96, пас. 1-6)

Бр. 2: Јов 2:1-13

Бр. 3: Враќањето на изгубениот син влијае на другите (gt погл. 86, пас. 10-20)

Бр. 4: td 28Б Божјето Царство ќе донесе трајно телесно оздравување

7. февр. Читање на Библијата: Јов 4 до 6

Песна бр. 158

Бр. 1: Клучни фактори за христијанското единство (uw стр. 8, пас. 8 до 8[3])

Бр. 2: Јов 6:1-11, 29, 30

Бр. 3: Да се биде осигурен за иднината со применлива мудрост (gt погл. 87)

Бр. 4: td 28B На денешните лечења со вера им недостига доказ дека Бог ги одобрува

14. февр. Читање на Библијата: Јов 7 до 9

Песна бр. 213

Бр. 1: Фактори кои придонесуваат за христијанската обединетост (uw стр. 9, пас. 8[4] до 9)

Бр. 2: Јов 9:1-15

Бр. 3: Богаташот и Лазар (gt погл. 88, пас. 1-10)

Бр. 4: td 28Г Зборувањето на јазици било само привремена подготовка

21. февр. Читање на Библијата: Јов 10 до 12

Песна бр. 191

Бр. 1: Вистинските христијани избегнуваат разединувачки влијанија (uw стр. 10-11, пас. 10-12)

Бр. 2: Јов 12:1-16

Бр. 3: Што значи споредбата за богаташот и Лазар (gt погл. 88, пас. 11-21)

Бр. 4: td 33Б Само 144.000 одат на небото

28. февр. Читање на Библијата: Јов 13 до 15

Песна бр. 97

Бр. 1: Запознај го и цени го Јехова(uw стр. 12-13, пас. 1-4)

Бр. 2: Јов 13:1-13

Бр. 3: Мисија на милосрдие во Јудеа (gt погл. 89)

Бр. 4: td 38Б Во пеколот не постои дословен оган

7. март Читање на Библијата: Јов 16 до 18

Песна бр. 185

Бр. 1: Да се имитира Јеховиниот пример на љубов (uw стр. 14-15, пас. 5-7)

Бр. 2: Јов 16:1-11, 22

Бр. 3: Исус зборува за надежта во воскресение (gt погл. 90)

Бр. 4: td 38В Огнот е симбол на уништување

14. март Читање на Библијата: Јов 19 и 20

Песна бр. 85

Бр. 1: Помогни им на луѓето да ја запознаат вистината за Бог (uw стр. 15-17, пас. 8 до 11[2])

Бр. 2: Јов 19:14-29

Бр. 3: Исус го воскреснува Лазар (gt погл. 91)

Бр. 4: td 38Д Споредбата за богаташот и Лазар не е доказ за вечни маки

21. март Читање на Библијата: Јов 21 и 22

Песна бр. 95

Бр. 1: Само еден е Јехова (uw стр. 17, 18, пас. 11[З] до 12)

Бр. 2: Јов 21:19-34

Бр. 3: Покажи благодарност за Божјата доброта (gt погл. 92)

Бр. 4: td 42Б Првите христијани не славеле родендени или Божиќ

28. март Читање на Библијата: Јов 23 до 26

Песна бр. 138

Бр. 1: Што значи да се оди во името на Бог (uw стр. 18, 19, пас. 13-15)

Бр. 2: Јов 24:1, 2, 14-25

Бр. 3: Кога Синот човечки ќе биде откриен (gt погл. 93)

Бр. 4: td 29А Употребата на ликови во обожавањето го срамоти Бог

4. апр. Читање на Библијата: Јов 27 до 29

Песна бр. 180

Бр. 1: Помогни им на другите да ја прифатат Библијата како Божја Реч (uw стр. 20-22, пас. 1-6)

Бр. 2: Јов 29:2-18

Бр. 3: Потреба од молитва и понизност (gt погл. 94)

Бр. 4: td 29Б Обожавањето на идоли било кобно за Израел

11. апр. Читање на Библијата: Јов 30 и 31

Песна бр. 46

Бр. 1: Читај ја Библијата секојдневно (uw стр. 23-25, пас. 7-11)

Бр. 2: Јов 31:23-37

Бр. 3: Поуки за разводот и за љубовта кон децата (gt погл. 95)

Бр. 4: td 29В Бог не одобрува „релативно“ обожавање

18. апр. Читање на Библијата: Јов 32 и 33

Песна бр. 59

Бр. 1: Проучувај за да научиш за Jехова (uw стр. 25-26, пас. 12 до 12[1])

Бр. 2: Јов 33:1-6, 23-33

Бр. 3: Исус и богатиот млад господар (gt погл. 96)

Бр. 4: td 17А Вистинска обединетост не се постигнува со меѓуверство

25. апр. Писмено повторување. Доврши со Неемија 9-13; Ес 1-10 до Јов 1-33

Песна бр. 42

2. мај Читање на Библијата: Јов 34 до 36

Песна бр. 47

Бр. 1: Размисли за библиската тема и за контекстот на стиховите (uw стр. 26, пас12[2] и 12[3])

Бр. 2: Јов 34:1-15

Бр. 3: Исусовата илустрација со лозјето (gt погл. 97)

Бр. 4: td 17Б Не е точно дека „сите религии имаат нешто добро“

9. мај Читање на Библијата: Јов 37 и 38

Песна бр.162

Бр. 1: Лично примени го и подели го со другите она што го учиш (uw стр. 26-28, пас. 12[4] до 13)

Бр. 2: Јов 37:5-14, 23, 24

Бр. 3: Исус ги подготвува своите ученици за она што претстои (gt погл. 98)

Бр. 4: td 20А Христијаните треба да го користат Божјето лично име

16. мај Читање на Библијата: Јов 39 до 40:19

Песна бр.105

Бр. 1: Што рекле пророците за Исус (uw стр. 29-31, пас. 1-6)

Бр. 2: Јов 40:1-14

Бр. 3: Исус враќа еден изгубен син на Авраам (gt погл. 99)

Бр. 4: td 20В Вистини околу постоењето на Бог

23. мај Читање на Библијата: Јов 41 и 42

Песна бр. 106

Бр. 1: Јов — Зошто е корисна (si стр.100, пас. 39-43)

Бр. 2: Јов 42:1-10, 12-17

Бр. 3: Споредба за ќесињата (gt погл. 100)

Бр. 4: td 20Г Препознавање на Божјите својства

30. мај Читање на Библијата: Псалми 1 до 6

Песна бр.168

Бр. 1: Увод кон Псалми — 1. дел (si стр. 101, пас. 1-5)

Бр. 2: Псалми 2:1-12

Бр. 3: Исус ја брани Марија за нејзиното добро дело (gt погл. 101)

Бр. 4: td 20Ѓ Не му служат сите на истиот Бог

6. јуни Читање на Библијата: Псалми 7 до 10

Песна бр.138

Бр. 1: Увод кон Псалми — 2. дел (si стр. 102, 103, пас. 6-11)

Бр. 2: Псалми 8:1-9:5

Бр. 3: Христовото триумфално влегување во Ерусалим (gt погл. 1О2)

Бр. 4: td 21А Потеклото на Јеховините сведоци

13. јуни Читање на Библијата: Псалми 11 до 17

Песна бр.64

Бр. 1: Обрни внимание на пророчките обрасци (uw стр. 32, 33, пас. 7 до 8[2])

Бр. 2: Псалми 13:1-14:5

Бр. 3: Исус ги осудува оние кои го осквернуваат Божјиот храм (gt погл. 103)

Бр. 4: td 19Б Исус е Божји син и наименуван Цар

20. јуни Читање на Библијата: Псалми 18 до 20

Песна бр.79

Бр. 1: Нашиот првосвештеник бил проречен (uw стр. 33, пас. 8[3] и 8[4])

Бр. 2: Псалми 18:1-14

Бр. 3: Божјиот глас се слуша по трет пат (gt погл. 104)

Бр. 4: td 19Г За спасение безусловно е потребна верата во Исус Христос

27. јуни Читање на Библијата: Псалми 21 до 24

Песна бр.144

Бр. 1: Зошто се неопходни покајанието и верата (uw стр. 33-37, пас. 9-14)

Бр. 2: Псалми 22:1-23:10

Бр. 3: Што претставува проколнатата смоква (gt погл. 105)

Бр. 4: td 19Д Не е доволно само да се верува во Исус

4. јули Читање на Библијата: Псалми 25 до 29

Песна бр. 160

Бр. 1: Послушноста кон Бог донесува вистинска слобода (uw стр. 38-40, пас. 1 -5)

Бр. 2: Псалми 25:1-12

Бр. 3: Како се разоткриени религиозните водачи (gt погл. 106)

Бр. 4: td 22Б Што ќе му донесе Божјето Царство на човештвото

11. јули Читање на Библијата: Псалми 30 до 33

Песна бр. 130

Бр. 1: Каде може денес да се најде вистинска слобода (uw стр. 40-42, пас. 6-9)

Бр. 2: Псалми 31:1-11

Бр. 3: Што претставува споредбата со свадбената гозба (gt погл. 1О7)

Бр. 4: td 22В Царството почнува да владее додека Христовите непријатели сѐ уште се активни

18. јули Читање на Библијата: Псалми 34 до 36

Песна бр. 167

Бр. 1: Световната слобода е всушност ропство (uw стр. 42-44, пас. 10-12)

Бр. 2: Псалм 35:1-12

Бр. 3: Не успеваат да го фатат Исус во стапица (gt погл. 108)

Бр. 4: td 22Д Царството на Бог не доаѓа преку човекови настојувања

25. јули Читање на Библијата: Псалми 37 до 39

Песна бр. 109

Бр. 1: Како да се препознае лошото друштво (uw стр. 44, 45, пас. 13, 14)

Бр. 2: Псалм 36:23-38

Бр. 3: Исус јавно ги осудува своите непријатели (gt погл. 109)

Бр. 4: td 41А Што е мислено со изразот „свршетокот на светот“?

1. авг. Читање на Библијата: Псалми 40 до 44

Песна бр. 207

Бр. 1: Големото спорно прашање со кое секој мора да се соочи (uw стр. 46, 47, пас. 1-3)

Бр. 2: Псалм 40:1-13

Бр. 3: Довршена е Исусовата служба во храмот (gt погл. 110)

Бр. 4: td 41Б Остани буден за знаците на последните денови

8. авг. Читање на Библијата: Псалми 45 до 49

Песна бр. 190

Бр. 1: Имитирај ја верата на лојалните (uw стр. 47-52, пас. 4-11)

Бр. 2: Псалм 44:1-7, 10-17

Бр. 3: Исус го дава знакот за последните денови (gt погл. 111, пас. 1-11)

Бр. 4: td 13Б Бог ветува вечен живот за послушните луѓе

15. авг. Читање на Библијата: Псалми 50 до 52

Песна бр. 170

Бр. 1: Вистината му оддава чест на Јехова (uw стр. 52-54, пас. 12-15)

Бр. 2: Псалм 50:1-17

Бр. 3: Исус кажува уште нешто за последните денови (gt погл. 111, пас. 12-19)

Бр. 4: td 13Г Небесен живот само за членовите на Христовото тело

22. авг. Читање на Библијата: Псалми 53 до 57

Песна бр. 103

Бр. 1: Што учиме од тоа што Бог го допушта злото? (uw стр. 55-57, пас. 1-7)

Бр. 2: Псалм 54:1, 2, 12-23

Бр. 3: Мудрите и неразумните девојки (gt погл. 111, пас. 20-28)

Бр. 4: td 13Д Вечен живот ветен на неограничеи број „други овци“

29. авг. Писмено повторување. Заврши со Јов 34-42 до Псалм 1-57

Песна бр. 34

5. септ. Читање на Библијата: Псалми 58 до 62

Песна бр. 50

Бр. 1: Кај Бог никогаш нема неправда (uw стр. 57-61, пас. 8-16)

Бр. 2: Псалм 61:1-12

Бр. 3: Споредбата со талантите (gt погл. 111, пас. 29-37)

Бр. 4: td 4Б Брачната заедница мора да биде чесна

12. септ. Читање на Библијата: Псалми 63 до 67

Песна бр. 45

Бр. 1: Потпри се на Јехова — спротивстави се на злите духовни сили (uw стр. 62-64, пас. 1 -5)

Бр. 2: Псалм 64:1-13

Бр. 3: Кога Христос пристигнува во царска сила (gt погл. 111, пас. 38-46)

Бр. 4: td 4В Христијаните мораат да го почитуваат начелото за поглаварство

19. септ. Читање на Библијата: Псалми 68 и 69

Песна бр. 82

Бр. 1: Биди буден за Ѓаволовите подмолни средства (uw стр. 64-67, пас. 6-12)

Бр. 2: Псалм 67:1-11, 32-35

Бр. 3: Исусовата последна Пасха е близу (gt погл. 112)

Бр. 4: td 4Г Обврските на христијанските родители кон децата

26. септ. Читање на Библијата: Псалми 70 до 73

Песна бр. 73

Бр. 1: Облечи ја комплетната воена опрема од Бог (uw стр. 67-69, пас. 13-15)

Бр. 2: Псалм 71:1-20

Бр. 3: Исус дава поука за понизност (gt погл. 113)

Бр. 4: td 4Д Христијаните треба да стапуваат во брак само со христијани

3. окт. Читање на Библијата: Псалми 74 до 77

Песна бр. 113

Бр. 1: Спознание, вера и воскресението (uw стр. 70-73, пас. 1-7)

Бр. 2: Псалм 75:1-12

Бр. 3: Исус го воспоставува Споменот (gt погл. 114)

Бр. 4: td 4Ѓ Вистинските христијани не се полигамисти

10. окт. Читање на Библијата: Псалми 78 и 79

Песна бр. 18

Бр. 1: Исус ги има клучевите од смртта и од хадесот (uw стр. 73-77, пас. 8-15)

Бр. 2: Псалм 78:1-13

Бр. 3: Исус трпеливо ги поучува своите ученици за љубов и понизност (gt погл. 115)

Бр. 4: td 35А Марија била мајка на Исус, а не „богородица“

17. окт. Читање на Библијата: Псалми 80 до 85

Песна бр. 93

Бр. 1: Цени го Божјето трајно Царство (uw стр. 78-81, пас. 1-9)

Бр. 2: Псалм 82:1-18

Бр. 3: Исус ги подготвува апостолите за своето заминување (gt погл. 116, пас. 1-14)

Бр. 4: td 35В Библијата покажува дека Марија не е „вечна девица“

24. окт. Читање на Библијата: Псалми 86 до 89

Песна бр. 57

Бр. 1: Царството ќе ги постигне Божјите првобитни цели (uw стр. 81-83, пас. 10-12)

Бр. 2: Псалм 85:1-17

Бр. 3: Кои се Исусовите вистински пријатели (gt погл. 116, пас. 15-25)

Бр. 4: td 54А Што вели Библијата за Спомем-свеченоста

31. окт. Читање на Библијата: Псалми 90 до 94

Песна бр. 190

Бр. 1: Што исполнило досега Царството (uw стр. 83-86, пас. 13-15)

Бр. 2: Псалм 89:1-17

Бр. 3: Исус ги подготвува и ги охрабрува своите ученици (gt погл. 116, пас. 26-37)

Бр. 4: td 54Б Држењето на миса е небиблиско

7. ноем. Читање на Библијата: Псалми 95 до 101

Песна бр. 172

Бр. 1: Како го бараме најнапред Царството (uw стр. 87-90, пас. 1-6)

Бр. 2: Псалми 99:1-100:8

Бр. 3: Исусовата заклучна молитва во горната соба (gt погл. 116 пас. 38-51)

Бр. 4 td 47А Сите христијани мора да проповедаат

14. ноем. Читање на Библијата: Псалми 102 до 104

Песна бр. 1

Бр. 1: Да се следи примерот на првите ученици (uw стр. 90-91, пас. 7-9)

Бр. 2: Псалм 102:1-14, 21, 22

Бр. 3: Душевно страдање во градината (gt погл. 117)

Бр. 4: td 47Ц Библијата покажува дека проповедале и жени и деца

21. ноем. Читање на Библијата: Псалми 105 и 106

Песна бр. 201

Бр. 1: Самиот задржи го Царството на прво место во твојот живот (uw стр. 91-94, пас. 10-15)

Бр. 2: Псалм 105:1-12, 47, 48

Бр. 3: Предавството и апсењето на Исус (gt погл. 118)

Бр. 4: td 48А Зошто вистинските христијани се омразени

28. ноем. Читање на Библијата: Псалми 107 до 109

Песна бр. 202

Бр. 1: Што велат Писмата за Јовановото крштевање (uw 95-97, пас. 1-5)

Бр. 2: Псалм 107:1-13

Бр. 3: Исус е малтретиран и сослушуван незаконски (gt погл. 119)

Бр. 4: td 48В Сопругата не смее да допушти маж ѝ да ја одвои од Бог

5. дек. Читање на Библијата: Псалми 110 до 115

Песна бр. 17

Бр. 1: Крштение во смрт (uw стр. 97, 98, пас. 6-8)

Бр. 2: Псалми 109:1-7; 113:1-8

Бр. 3: Стравот од луѓе го тера Петар да се одрече од Христос (gt погл. 120)

Бр. 4: td 48Г Сопругот не смее да допушти жена му да го спречи да му служи на Бог

12. дек. Читање на Библијата: Псалми 116 до 119:32

Песна бр. 195

Бр. 1: Крштевање „во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух“ (uw стр. 98, 99, пас. 9)

Бр. 2: Псалм 115:1-19

Бр. 3: Исус храбро ја зборувал вистината пред Синедриумот и пред Пилат (gt погл. 121)

Бр. 4: td 31А Молитви кои Бог ги сослушува

19. дек. Читање на Библијата: Псалм 119:33-112

Песна бр. 59

Бр. 1: Крштението и христијанските одговорности (uw стр. 99-102, пас. 10-14)

Бр. 2: Псалм 118:97-112

Бр. 3: Ниту Пилат ниту Ирод не наоѓаат вина на Исус (gt погл. 122)

Бр. 4: td 31В Зошто извесни молитви се бескорисни

26. дек. Писмено повторување. Заврши со Псалми 58 до 119:112

Песна бр. 155

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели