ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/93 стр. 1
  • Дали расудуваш на темел на Писмото?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали расудуваш на темел на Писмото?
  • Нашата служба за Царството 1993
  • Сличен материјал
  • Дали ги користиш во службата?
    Нашата служба за Царството 2008
  • Користи го вешто „мечот на духот“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Користи ја добро Библијата
    Нашата служба за Царството 2004
  • „Речта Божја . . . врши силно влијание“
    Нашата служба за Царството 2001
Повеќе
Нашата служба за Царството 1993
km 11/93 стр. 1

Дали расудуваш на темел на Писмото?

1 Еден искусен војник кој оди во војна добро ќе се опреми и заштити. Вешт мајстор кој се подготвува да работи на голем градежен проект ќе ги понесе алатките што му се потребни за да ја заврши работата. Еден слуга на Јехова кој се зафаќа со служба на подрачјето ќе го земе својот „меч“ в рака и ќе го употребува вешто кога и да му се укаже прилика (Ефеш. 6:17). Дали е тоа случај и со тебе? Кога учествуваш во службата, дозволуваш ли Божјата Реч да зборува за да може светиот дух да допре до срцата на твоите слушатели? (Изр. 8:1, 6).

2 Проповедањето не е секогаш лесна задача. На некои подрачја луѓето се ретко дома, а оние кои излегуваат на врата често се зафатени, што пружа мали можности за опширни библиски дискусии. Со оглед дека Библијата ни е главен учебник, како можеме да го користиме повеќе во службата и да дозволиме неговата инспирирана порака да влијае на слушателите?

3 Во секоја прилика: На секоја врата би сакале да ја користиме Библијата за да го поттикнеме станарот. Мора да бидеме подготвени за тоа без оглед која публикација ја нудиме. Ако лицето е зафатено и нема време да се отвори Библијата и да се прочита стих или два, можеш ли да цитираш или парафразираш стих пред да понудиш литература? Самото тоа може да го наведе лицето да застане и да слуша (Евр. 4:12).

4 На пример, ако го нудиш Разбудете се! од 8. октомври 1993, со статијата „Брачниот живот — Како да се направи посреќен“, откако ќе укажеш на илустрацијата на насловната страница, постави го прашањето: „Чие водство може да доведе до брачна среќа?“ Без оглед на одговорот, можеби ќе бидеш во можност да прочиташ директно од својата Библија или да парафразираш стих, како што е Матеј 22:37-39. На овој начин ќе дозволиш Божјата Реч да зборува.

5 На повторни посети: Пред да правиме повторни посети треба да се подготвиме. Често, меѓутоа, се поставуваат прашања за кои не сме се подготвиле. Ова е момент кога книгата Расудување на темел на Писмото може да биде многу корисна помош. Ако им цитираме или читаме стихови кои ја поддржуваат мислата од книгата Расудување, ќе им помогнеме на луѓето да увидат дека сме слуги на Бог, а не праматари со Речта (2. Кор. 2:17).

6 Кога правиш посета таму каде што не сте дискутирале за некоја посебна тема, можеш едноставно да ја отвориш книгата Расудување на една прикладна тема, како што е „Исус Христос“, „Последните денови“ или „Воскресение“, и да употребиш еден од поднасловите за да го започнеш разговорот. На станарите може да им се предложи да прочитаат неколку стихови од нивните Библии. На тој начин Библијата ќе му стане жива, а Јеховиниот свет дух ќе протече ако се праведно настроени.

7 Нашата одговорност да ја проповедаме добрата вест и да ги предупредуваме злите е нешто сериозно. Тоа е Јеховина порака, а не наша. Нека неговата Реч, мечот на духот, ти помогне.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели