Грижа за духовните потреби на глувите
1 Сѐ поголем број глуви луѓе се привлечени кон Добриот Пастир и доаѓаат во предаден однос со Јехова Бог (Јован 10:3, 11). Другите во собранието, особено старешините, мора да бидат свесни за духовните потреби на нашите глуви браќа и сестри.
2 Задоволување на потребите на глувите: Направени се подготовки да се толкуваат собраниските состаноци на знаковен јазик секаде каде што има оспособени толкувачи. Ако никој во собранието не знае знаковен јазик, може да биде прикладно глувите луѓе да се упатуваат во некое собрание во близина кое може да пружи таква помош. Се разбира, ако не постои таква подготовка на матичното подрачје, можеби ќе е можно да се одредат објавители кои наизменично ќе седат крај глувите лица и ќе им прават забелешки за главните мисли кои се дискутираат.
3 Подготовки на ниво на покраина и собрание: Подготовките за толкување на знаковен јазик на покраинските состаноци и на деновите на посебен состанок ги координира покраинскиот надгледник. Како координатор може да се избере еден старешина или способен слуга помошник. Делови во толкувањето на програмата на состанокот може да им се доделат на примерни оспособени браќа и сестри. Истиот принцип може да се следи и во собранието, со што ќе се погрижиме соодветно да се задоволат потребите на глувите.
4 Пожелно е глувите да седат таму каде што едновремено ќе можат да гледаат и во толкувачите и во подиумот. Тоа важи како за собраниските состаноци така и за покраинските состаноци. На собраниските состаноци е препорачливо толкувачот да седи ако бројот на глувите кои се присутни е мал. Старешините добро ќе направат ако се консултираат со зрелите браќа кои се глуви, ако е можно, околу специфични предлози за прикладен начин на седење.
5 Ако е на располагање оспособен толкувач кој служи како старешина или слуга помошник и ако бројот на глуви браќа и сестри го оправдува тоа, старешините може да одлучат некои состаноци да се водат целосно на знаковен јазик. Собраниската студија на книга со право може да биде првиот седмичен состанок организиран на тој начин. Ако собранието сака да одржи било кој од другите пет собраниски состаноци на знаковен јазик, старешините треба да ја информираат Заедницата за нивната желба.
6 Иако комуникацијата помеѓу лица што слушаат и што се глуви бара посебни напори од обете страни, сите членови на собранието треба да настојуваат да се запознаат меѓусебно за да дојде до искрено изменување на охрабрувања (Евр. 10:24). Овој дух меѓу браќата ќе придонесе сите нови да се чувствуваат добредојдено.