Сеј обилно, но со разбор
1 Секој земјоделец знае дека ако го сее своето семе обилно, веројатно ќе има богата жетва, но ако сее скржаво, несомнено, ќе жнее скржаво (2. Кор. 9:6). Земјоделците внимаваат да не расфрлаат семе сеејќи таму каде што нема можност да расте. Сличен разбор е потребен и кога ја нудиме нашата литература на подрачјето. Ние сакаме да им оставаме литература на оние кои се заинтересирани да ја читаат. Сакаме да им дадеме прилика на оние кои се достојни да научат за Јеховината незаслужена доброљубивост и за надежта на Царството.
2 Дали утврдуваш дека списанија, брошури и други публикации ти се натрупуваат дома на полица, а можат да послужат на достојните на твоето подрачје да им донесат спознание за вистината? (Спореди Матеј 25:25.) Дали понекогаш се воздржуваш да нудиш списанија или друга литература на прва посета само затоа што ти е непријатно да споменеш како се финансира проповедничкото дело на Царството? Искусните објавители увиделе дека станарите кои имаат ценење реагираат на едноставни, директни изјави кога ќе им се каже како се постапува со донациите за делото на Царството.
3 Можеш да речеш:
◼ „Можеби се чудите како можеме да нудиме литература бесплатно. Тоа е дел од светското образовно дело кое се финансира со доброволни донации. Ако сакате да дадете мал прилог за делото, ќе ми биде драго да го прифатам“.
4 Многу станари ќе прашаат колку чини литературата.
Ти можеш да одговориш:
◼ „Литературата не се наплаќа бидејќи нашето дело се потпира со доброволни донации. Ако сакате да дадете мал прилог, ќе ни биде драго да се погрижиме тој да се употреби во светското проповедничко дело.“
Или можеш да речеш:
◼ „Нашата литература им ја даваме на сите што се заинтересирани да научат повеќе за Библијата. Ако сакате да дадете мал прилог за ова дело, радо ќе го предадам во ваше име.“
5 При работата со списанија некои објавители ја покажуваат втората страница од списанието и велат:
◼ „Како што гледате овде, нашето дело се потпира со доброволни донации. Ако сакате да дадете мал прилог за да го потпомогнете ова дело, јас ќе можам да го предадам.“
Еве уште една едноставна изјава:
◼ „Иако нашата литература се нуди бесплатно, прифаќаме скромни прилози за нашето светско дело.“
6 Никогаш не треба да се воздржуваме да го сееме семето на Царството затоа што не сме спремни да споменеме како се финансира делото. Истовремено, потребен е разбор за нашата литература да не се троши за „каменито место“ (Мар. 4:5, 6, 16, 17). На оние кои ја ценат добрата вест што им ја носиме им е драго што имаат прилика да приложат за негова материјална поддршка. (Спореди Матеј 10:42.)