Рубрика прашања
◼ Дали треба да ја објасниме подготовката за донации кога сведочиме по телефон?
Кога лично сведочиме, можеби е возможно да објасниме дека светското библиско образовно дело на Јеховините сведоци целосно се поддржува со доброволни донации и дека со задоволство прифаќаме такви донации. Меѓутоа, воопшто не треба да се спомнат донации или подготовката за донации кога се сведочи по телефон, зашто тоа може погрешно да се сфати како облик на барање пари по телефон. Службата на Јеховините сведоци е потполно некомерцијална (2. Кор. 2:17).
◼ Кога сведочиме по телефон, што треба да правиме ако лицето побара Јеховините сведоци да не му се јавуваат повторно?
Треба да се почитуваат желбите на лицето. На картичката со подрачјето треба да се стави датумот кога лицето го побарало тоа и неговото име за објавителите да избегнуваат да го повикуваат тој број во иднина. Еднаш годишно, треба да се прегледа списокот со лицата што побарале да не им се јавуваме. Под упатство од надгледникот за служба, искусни, тактични објавители може да бидат доделени да стапат во контакт со тие лица за да одредат какви се нивните чувства околу тоа сега. (Види Рубрика прашања на англиски во Наша служба за Царството од јуни 1994.)