Прашања
◼ Како треба да се постапи кога станарот инсистира Јеховините сведоци повеќе да не му доаѓаат?
Ако на некоја врата наидеме на порака со која строго се забрануваат посети од религиозна природа или која посебно ги споменува Јеховините сведоци, би било најдобро да ги почитуваме желбите на станарот и да не чукаме на таа врата.
Понекогаш наидуваме на порака на забрана за продавачи или аквизитери. Со оглед дека вршиме добротворно религиозно дело, тоа не се однесува на нас. Би било прикладно да пристапиме и да почукаме на таа врата. Ако станарот приговара, можеме тактично да му објасниме зошто сметаме дека таквата порака не се однесува на нас. Ако станарот јасно става до знаење дека забраната важи и за Јеховините сведоци, ќе ги почитуваме неговите желби.
Во некои случаи кога го посетуваме дома, станарот може очигледно да се вознемири и посебно да инсистира да не го посетиме повторно. Треба да го исполниме ова барање. Забелешка со датум треба да се вметне во обвивката за карта на подрачјето, за објавителите кои ќе работат на тоа подрачје во иднина да можат да избегнуваат да го посетуваат тој дом.
Треба да имаме на ум, меѓутоа, дека таквите домови не треба да се остават засекогаш. Моменталните станари може да се отселат. Може да контактираме со друг член на семејството кој реагира поволно. Постои и можност станарот со кој сме зборувале да го променил својот став и да станал поспремен да прими посета. Затоа, по извесно време, треба тактичо да се препрашаат станарите на тој стан за да се одреди моменталното расположение.
Картотеката со подрачја треба да се разгледа еднаш годишно и да се направи список на становите за кои сме советувани да не ги посетуваме. Под водство на надгледникот за служба, на некои тактични, искусни објавители може да им биде доделено да ги посетат овие станови. Може да се објасни дека ги посетуваме за да видиме дали тука сѐ уште живеат истите станари. Објавителот треба да биде запознаен со материјалот од книгата Расудување, страници 15-24, со наслов „Како можеш да им одговориш на оние кои сакаат да го прекинат разговорот“. Ако е реакцијата умерена, во иднина може да се прават посети на вообичаен начин. Ако станарот и понатаму е непријателски настроен, не треба да се посетува сѐ до следната година. Месното старешинство може да одлучи, ако околностите во извесен случај покажуваат дека е препорачливо, да ги води работите поинаку.