ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/94 стр. 5
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 1994
Нашата служба за Царството 1994
km 1/94 стр. 5

Известувања

◼ Понуда на литература за јануари: Добра вест која може да те направи среќен или било која друга книга од 192 страници (освен Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог). Собранијата кои немаат на залиха такви книги можат и понатаму да ја нудат Најголемиот човек кој некогаш живеел. Февруари: Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Март: Откровение — Близу е величествената кулминација! Април и мај: Списанијата Стражарска кула и Разбудете се!, како и која било брошура (освен брошурата Училиште). Таму каде што на повторна посета е покажан интерес, може да се понуди претплата. НАПОМЕНА: Собранијата на кои ќе им треба гореспоменатата акциска литература треба да ја нарачаат на својата следна месечна Нарачка (S-14). Постарите публикации на кои се осврнавме погоре не се на располагање во Бетелот, но собранијата треба да ги користат оние кои веќе ги имаат на залиха.

◼ Собранијата треба да направат соодветни подготовки за Споменот кој оваа година ќе се слави во сабота, 26. март, после зајдисонце. Иако е пожелно секое собрание да одржи своја прослава на Споменот, можеби не е секогаш можно. Таму каде што неколку собранија обично ја користат истата Сала на Царството, можеби ќе е најдобро едно или повеќе собранија да најдат други простории за таа вечер. Споменот не треба да започне предоцна, па на новозаинтересираните лица да не им одговара да дојдат. Освен тоа, временското растојание меѓу два состанока не треба да биде толку кратко што не би останало време пред или после прославата да се поздрават посетителите, да се направат подготовки за натамошна духовна помош за некои, или за општо изменување на охрабрувања меѓу сите присутни. После темелно разгледување на сите фактори, старешините треба да одредат кои подготовки ќе бидат најдобри за да им помогнат на сите што присуствуваат на Споменот да извлечат потполна корист од таа прилика.

◼ Посебното јавно предавање за периодот на Споменот во 1994 ќе биде одржано ширум светот во недела, 10. април. Темата на предавањето ќе биде „Дали религијата го изневерува човечкото општество?“ Говорен план ќе биде испратен. Оние собранија кои во таа седмица имаат посета на покраински надгледник, покраински состанок или ден на посебен состанок, предавањето ќе го имаат во наредната седмица. Ниту едно собрание не треба да го одржи говорот пред 10. април.

◼ Почнувајќи од февруари, а не подоцна од 6. март, новото јавно предавање на покраинскиот надгледник ќе биде: „Човечката творба воздивнува — До кога?“

◼ Браќата кои сакаат да ја постат Бетелската кацеларија во Скопје, имаат можност тоа да го сторат секоја сабота од 8.00 – 12.00. Во сабота попладне и во недела не може да се посети Канцеларијата. Браќата кои сакаат преку седмицата да ги посетат просториите, треба да се најават телефонски или писмено.

◼ НОВО НА ЗАЛИХА

Англиски: Увид во Писмото; Српски: Се грижи ли Бог навистина за нас?; Ќе постои ли некогаш свет без војна?; Унгарски: Ќе постои ли некогаш свет без војна?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели