Известувања
◼ Понуда на литература за февруари: Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Март: Откровение — Близу е величествената кулминација! Април и мај: Списанијата Стражарска кула и Разбудете се! како и која било брошура (освен брошурата Училиште). Таму каде што на повторна посета е покажан интерес, може да се понуди претплата. НАПОМЕНА: Собранијата на кои ќе им треба гореспоменатата акциска литература треба да ја нарачаат на својата следна месечна Нарачка (S-14).
◼ Секретарот и надгледникот за служба треба да ја разгледаат активноста на сите општи пионери. Ако некој има потешкотии да ја исполни квотата на часови, старешините треба да уредат да му се пружи помош. За предлози, повторно да се разгледаат писмата од Заедницата (S-201) од 1. октомври 1993 и 1. октомври 1992. Исто така, види ги пасусите 12-20 во додатокот на Наша служба за Царството од август 1986.
◼ Спомен-свеченоста ќе се одржи во сабота, на 26. март 1994. Иако говорот може да започне порано, молиме запомнете дека пронесувањето на лебот и на виното на Споменот не треба да почне пред зајдисонце. Проверете кај месните извори кога заоѓа Сонцето во вашиот крај. На тој ден не треба да се одржува никаков друг состанок освен состанок за служба на проповедање. Ако твоето собрание обично има состаноци во сабота, можеби ќе сакате да го одржите во друго време таа седмица ако Салата на Царството е слободна.
◼ Објавителите кои сакаат да служат како помошни пионери во март и април треба да направат планови сега и да ги предадат своите молби што порано. Ова ќе им помогне на старешините да ги направат неопходните подготовки за состаноци за служба и да имаат доволно литература на располагање.
◼ ИСПРАВКИ: Насловот на посебното јавно предавање за 10. април 1994 е изменет. Известувањето од Наша служба 1/94 на стр. 5, пасус 3 сѐ уште важи, освен насловот на предавањето, кој ќе гласи: „Вистинската религија ги задоволува потребите на човечкото општество“.
◼ Во Стражарска кула од 1. мај 1993, на стр. 19, пасус 20, првата реченица треба да гласи вака: „Забележи дека кога Царот ги поканува тие овци да го наследат земското подрачје на Божјето Царство ...“
◼ Ново на залиха:
Македонски: Ќе постои ли некогаш свет без војни? (за Евреи)