Зголемувај го интересот за Божјето Царство на мир
1 Во текот на февруари, ќе ја нудиме книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Цел треба да ни биде да им помогнеме на луѓето со чесни срца да го зголемат ценењето за Божјето Царство и на она што тоа ќе го постигне. Во таа насока може да ни помогнат прашања кои откриваат одредени гледишта.
2 После пријателски поздрав, можеме да кажеме нешто слично на ова:
◼ „Насекаде по Земјата се случуваат запрепастувачки промени во владите и често се споменува постигнување на мир. Дали сметате дека некогаш ќе се постигне вистински мир? [Дозволи коментар.] Иако многумина се полни со надеж дека човечките владетели ќе донесат мир, забележете како Бог ветува да донесе мир, како што е споменато во Псалм 45:9. [Прочитај.] Што мислите, какви промени ќе донесат на Земјата Божјите постапки? [Сослушај го одговорот на станарот, а потоа покажи му го трактатот Живот во мирољубивиот нов свет.] Можете ли да си го претставите ова што е нацртано овде?“ Разгледајте ги информациите под насловот „Живот во Божјиот нов свет“. Ако дозволува ситуацијата, може да се разгледаат натамошни информации од книгата Расудување, стр. 177-182, под прашањето „Што ќе стори Божјето Царство?“ Дискусијата може да ја заклучиме така што ќе прашаме: „Мислите ли дека една влада од Бог ќе ги направи овие промени?“ Ако станарот покажува интерес, договорете се за повторна посета.
3 Или можеме да речеме:
◼ „Многумина изразија голема загриженост заради вознемирувачките проблеми со кои секој од нас секојдневно мора да излегува на крај. Мислите ли дека постои некаква надеж за ослободување од овие проблеми? [Дозволи коментар.] Некои можеби сметаат дека Бог е незаинтересиран за нашите неволји. Меѓутоа, забележете што ветува тој во Откровение 21:3, 4.“ Прочитај ги стиховите. Потоа можеш да ги понудиш книгата Живеј засекогаш, најново списание или трактатот Ќе преживее ли овој свет? Ако е понуден трактатот, може да се разгледа материјалот од 2. и 3. стр. под насловот „Иднината на овој свет“. Ако е покажан интерес, можеш да одлучиш која друга публикација ќе му ја понудиш. Ако ја нудиш брошурата Се грижи ли Бог навистина за нас?, може да се постави прашањето: „Зошто ги допушта Бог страдањата?“ Укажи на дел 6 од брошурата и договори се да дискутирате за него при следната посета.
4 Можеш да избереш да нудиш статија од едно од најновите списанија така што ќе прокоментираш специфична мисла од избраната статија.
Ако станарот изразува интерес, покажи го списанието можеби така што ќе речеш:
◼ „Оваа статија завлегува во повеќе детали на оваа тема. [Прочитај претходно избрани реченица-две.] Статијата изнесува додатни мисли кои ќе ве охрабрат и вас и вашето семејство. Бидејќи изгледа дека ве интересира оваа тема, ќе ми биде драго да ви го оставам овој број и неговото придружно списание.“ Ако станарот ги земе списанијата, може да биде прикладно да ја споменеш подготовката за донации.
5 Денес луѓето често се збунети кога треба некаде да се обратат за одговори на проблемите со кои се соочува човештвото. Ја имаме предноста да ја делиме со нив јасната надеж за иднината (Дела 17:27). Тогаш, марливо да го насочуваме вниманието на луѓето на Божјето Царство, вистинскиот извор на мир.