ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/94 стр. 2
  • Службени состаноци за март

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Службени состаноци за март
  • Нашата служба за Царството 1994
  • Поднаслови
  • Седмица од 7. март
  • Седмица од 14. март
  • Седмица од 21. март
  • Седмица од 28. март
Нашата служба за Царството 1994
km 3/94 стр. 2

Службени состаноци за март

Седмица од 7. март

Песна 200

15 мин: Месни известувања и избрани Известувања од Наша служба за Царството. Накратко дискутирај за статијата „Нуди ја книгата Прашања од младите“ и охрабри ги објавителите да ја користат кога е прикладно.

15 мин: „Држи го цврсто јавното изјавување на твојата надеж без да се колебаш.“ Обработка со прашања и одговори што ја води водителот на Стражарска кула. Побарај да коментираат оние кои го надминале стравот од коментирање на состаноците. Нагласи ја потребата за претходно подготвување. Охрабри го собранието да се подготвува за да учествува потполно на собраниската студија на Стражарска кула секоја недела.

15 мин: „Објави ја возбудливата порака од Откровение.“ Дискусија со присутните. Нека добро подготвени објавители ги прикажат презентациите од пасуси 2-4. После секој приказ, публиката нека коментира за она што го научила од презентацијата. Охрабри ги сите овој месец да учествуваат во нудењето на книгата Откровение.

Песна 225 и заклучна молитва.

Седмица од 14. март

Песна 205

10 мин: Месни известувања. Теократски вести. Сврти го вниманието на специфичните точки од најновите списанија кои може да се користат во службата на подрачјето оваа седмица.

15 мин: „Можеш ли овој месец да ја зголемиш својата фалба на Јехова?“ Обработка со прашања и одговори. Побарај да коментираат оние кои порано биле помошни пионери. Нека објаснат како ја прилагодиле својата ситуација за да ја искористат оваа предност. Охрабри ги сите кои планираат да бидат помошни пионери во април да ги предадат своите молби колку што е можно поскоро.

20 мин: „Направи да се чувствуваат добредојдено на Споменот.“ Обработка со прашања и одговори. После 3. пасус, да се изнесе краток приказ како слуга помошник пречекува ново лице на Споменот.

Песна 150 и заклучна молитва.

Седмица од 21. март

Песна 143

10 мин: Месни известувања, вклучувајќи благајнички извештај и благодарност за донациите. Дискутирај за рамката со наслов „Навремена храна“. Охрабри ги сите да ги поканат интересентите на посебното предавање што се ќе одржи на 10. април.

20 мин: „Помогни им да постапуваат во склад со пораката.“ Дискусија. Да се одржат добро подготвени прикази на презентациите од 2. и 3. пасус.

15 мин: По потреба на собранието, можеби во врска со подготовките за Споменот или „Еволуција“, книга Расудување, страници 110-118. Да се изнесе како семејна дискусија. Детето на кое му е зададена домашна задача за еволуцијата им објаснува на родителите какви мисли ќе земе и како ќе ги изнесе. Тие дискутираат зошто овие аргументи треба да бидат делотворни. Родителите искрено го пофалуваат.

Песна 121 и заклучна молитва.

Седмица од 28. март

Песна 112

15 мин: Месни известувања. Дискутирај со присутните и прикажи ги прикладните начини за сведочење на месното подрачје со понудата за април. Раскажи искуства кои покажуваат како некои објавители постигнале претплати таму каде што бил покажан искрен интерес на повторна посета.

15 мин: Зошто ја известуваме нашата служба на проповедање. Дискусија со прашања и одговори која го обработува материјалот од книгата Организирано да ја извршуваме нашата служба од стр. 106, пас. 1, до стр. 108, пас. 2.

15 мин: „Дарител на ‚секој добар дар‘.“ Говор на старешина темелен на Стражарска кула од 1. декември 1993, стр. 28-31.

Песна 15 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели