Службени состаноци за април
Седмица од 4. април
Песна 16
10 мин: Месни известувања и Известувања од Наша служба за Царството. Потсети ги сите за посебниот говор што ќе се одржи на 10. април, со наслов „Вистинската религија ги задоволува потребите на човечкото општество“. Треба да се направат посебни напори за да им се помогне на новите да присуствуваат.
15 мин: „Стражарска кула и Разбудете се! — списанија на вистината.“ Прашања и одговори. Побарај од присутните да кажат какви методи користеле тие за да го зголемат бројот на врачени списанија. Нека раскажат некои искуства, колку што дозволува времето.
20 мин: „Нуди ги најдобрите списанија на светот.“ Обработи го материјалот со присутните, нагласувајќи ги посебните користи од списанијата. При обработување на 2. пасус, замоли еден делотворен објавител (или пионер) да објасни како може човек да се запознае со содржината и како да се подготви за презентација. Подготви два прикази кои покажуваат како да се понудат изданијата од 1. и 15. април. Заврши така што ќе дадеш предлози кои статии може да се користат за да се презентираат најновите броеви на Разбудете се!
Песна 69 и заклучна молитва.
Седмица од 11. април
Песна 80
10 мин: Месни известувања. Разгледување на главните мисли од Прашања.
15 мин: „Службениот состанок нѐ опремува за секое добро дело.“ Прашања и одговори. Вклучи приказ кој покажува како едно семејство се подготвува за состанок; нагласи колку се важни: 1) претходната подготовка, 2) внимателното следење и 3) учествувањето.
20 мин: „Служи му на Јехова без нешто да ти го одвлекува вниманието.“ Додаток. Прашања и одговори. Да се обработи 1. до 6. пасус.
Песна 90 и заклучна молитва.
Седмица од 18. април
Песна 100
10 мин: Месни известувања. Прочитај го благајничкиот извештај и ако има писма на благодарност од Заедницата за донациите.
15 мин: „Доаѓај повторно таму каде што си оставил списанија или брошури.“ Дискусија со присутните. Побарај да се коментира зошто е потребно да се биде добро запознаен со содржината на списанијата и да се анализира грижливо претходната реакција на станарот за да се одреди кој пристап би бил најдобар. Ако дозволува времето, нека способни објавители (или пионери) ги прикажат предложените презентации.
20 мин: „Служи му на Јехова без нешто да ти го одвлекува вниманието.“ Додаток. Прашања и одговори. Обработка на 7. до 12. пасус.
Песна 51 и заклучна молитва.
Седмица од 25. април
Песна 70
10 мин: Месни известувања. Теократски вести. Да се разгледа „Помош во надминувањето на секојдневните проблеми.“
15 мин: Вера. Темелено на книгата Расудување, стр. 69-72. Дискусија меѓу старешина и група млади. Старешината зборува за дефиницијата за вера, а потоа ѝ поставува прашања на групата. Зошто многумина немаат вера? Што е темелот на нашата вера? Како да одржиме јака вера? Како да ја покажуваме таквата вера? Старешината завршува така што ја пофалува и охрабрува групата.
20 мин: „Чистотата му оддава чест на Бог.“ Старешина ја дискутира статијата со присутните. Заврши со краток говор кој повторно го разгледува советот даден во Стражарска кула од 1. октомври 1989, страници 15-20.
Песна 75 и заклучна молитва.