ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/94 стр. 2
  • Службени состаноци за мај

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Службени состаноци за мај
  • Нашата служба за Царството 1994
  • Поднаслови
  • Седмица од 2. мај
  • Седмица од 9. мај
  • Седмица од 16. мај
  • Седмица од 23. мај
  • Седмица од 30. мај
Нашата служба за Царството 1994
km 5/94 стр. 2

Службени состаноци за мај

Седмица од 2. мај

Песна 20

5 мин: Месни известувања и соодветни Известувања од Наша служба за Царството. Осврни се на било која подготовка за зголемени активности во службата, како што е сведочењето на улица или вечерното сведочење.

15 мин: „Учествувај во теократските активности и во текот на летото.“ Прашања и одговори. Раскажи искуства што ги доживеале некои додека биле помошни пионери или сведочеле неформално.

10 мин: „Морам ли постојано да се менувам?“ Дискусија меѓу двајца старешини. Да се нагласат користите од редовното учествување во службата на подрачјето.

15 мин: „Користи ги списанијата за да ја пренесуваш вистината.“ Дискусија со присутните. Објасни што е тоа што ги прави нашите списанија поинакви и зошто тоа нѐ мотивира да ги нудиме во секоја прилика. Подготви два кратки приказа.

Песна 128 и заклучна молитва.

Седмица од 9. мај

Песна 214

10 мин: Месни известувања. Треба да бидеме спремни да оцениме кога е прилика да се направи претплата. Можеме да им ја понудиме на оние кои порано редовно ги земале и читале списанијата. Во повеќето случаи најдобро е да се понуди шестмесечна претплата. Објасни како да се исполни ливче за претплата.

20 мин: „Подгответе ги библиските ученици за службата.“ Прашања и одговори. Според 4. и 5. пасус, да се одржи краток приказ кој покажува како да му се помогне на ученикот да се подготви да сведочи на врата. Ученикот започнува со едноставна презентација, користејќи го Пс. 36:11. Учителот го прекинува со зборовите: ‚Јас имам своја религија‘. Ученикот не е сигурен што да каже. Обајцата ја отвораат книгата Расудување, страници 17 и 18, разгледуваат некои предложени одговори, и избираат еден кој му се допаѓа на ученикот. Ученикот продолжува, дава добар одговор и се чувствува охрабрен од резултатите.

15 мин: По потреба на собранието или дискусија помеѓу двајца старешини кои ги разгледуваат информациите на стр. 60 до 64 од Организирано да ја извршуваме нашата служба, под поднасловот „Сала на Царството“. Обработете ги пасусите кои истакнуваат како треба да гледаме на Салата на Царството и која е нашата одговорност во одржувањето на нејзината чистота и финансиската поддршка.

Песна 139 и заклучна молитва.

Седмица од 16. мај

Песна 173

10 мин: Месни известувања. Прочитај го благајничкиот извештај и ако има изрази на благодарност за донациите. Покажи ги брошурите кои може да се нудат и сврти го вниманието на неколку точки за разговор.

17 мин: „Дојди повторно таму каде што си наишол на интерес.“ Прашања и одговори. Да се прикажат една или две предложени презентации.

18 мин: „Извлечи ја сета корист од Теократската школа на проповедање.“ Говор на надгледникот на школата преку дискусија со присутните. Охрабри ги сите да прифаќаат задачи и да ги извршуваат. Нагласи колку е важно да се биде во чекор со седмичното читање на Библијата. Објасни како целото собрание може да извлече корист од советите што им се даваат на учениците.

Песна 53 и заклучна молитва.

Седмица од 23. мај

Песна 192

10 мин: Месни известувања. Разгледај истакнати статии од најновите списанија и погрижи се за еден или два кратки прикази. Накратко опиши ги посебните подготовки за служба на проповедање за 30. мај.

10 мин: „Дали им искажуваш почитување на другите кога даваш совет?“ Говор на старешина темелен на Стражарска кула од 1. февруари 1994, стр. 25-29.

25 мин: „Обласен конгрес за 1994, ‚Божествен страв‘.“ Додаток. Прашања и одговори за пасуси 1-11, што ги води еден старешина. Обрни посебно внимание на ‚Потсетниците за Обласниот конгрес‘.

Песна 19 и заклучна молитва.

Седмица од 30. мај

Песна 204

10 мин: Месни известувања. Теократски вести. Дискутирај за главните мисли од Прашања.

15 мин: Разгледување на понудата на литература за јуни: Животот — Како настанал? Преку еволуција или преку создавање? Насочи го вниманието на привлечните илустрации, како што се оние на стр. 6, 236, 243 и 245. Еден способен објавител нека одржи краток приказ врз основа на една од овие илустрации при што ќе го користи Откровение 21:4. Опиши ги подготовките за служба за наредната седмица.

20 мин: „Обласен конгрес за 1994, ‚Божествен страв‘.“ Додаток. Говор за пасуси 12-25, што го држи собранискиот секретар.

Песна 12 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели