Службени состаноци за јуни
НАПОМЕНА: Наша служба за Царството ќе прави распоред за Службените состаноци за секоја седмица во текот на летото. Собранијата можат да направат промени по потреба за да се овозможи присуствување на Обласниот конгрес „Божествен страв“ и 30-минутно повторување на врвните точки од програмата на Службениот состанок следната седмица. Повторувањето на програмата од обласниот конгрес за секој ден треба да се додели однапред на двајца или тројца оспособени браќа кои ќе бидат во состојба да се сосредоточат на истакнатите мисли. Ова добро подготвено повторување ќе му помогне на собранието да ги запомни клучните мисли за лично да ги примени и да ги употреби на подрачјето. Коментарите на присутните и раскажаните искуства треба да бидат кратки и конкретни.
Седмица од 6. јуни
Песна 9
10 мин: Месни известувања и Известувања од Наша служба за Царството кои се однесуваат на вашето собрание. Накратко прикажи како може да се нудат најновите списанија од куќа до куќа овој викенд. Потсети ги присутните да си понесат примероци од книгата Создавање за да ја користат во службата овој викенд.
20 мин: „Дали сееш богато?“ Прашања и одговори. Колку што дозволува времето, повикај ги присутните да раскажат лични искуства кои покажуваат како вложиле тие додатни напори во некои аспекти од нивната служба и биле благословени поради тоа.
15 мин: „Да им помагаме на другите да му оддаваат чест на нашиот Творец.“ Дискусија со присутните. Два приказа нека покажат како може да се применат предложените презентации.
Песна 30 и заклучна молитва.
Седмица од 13. јуни
Песна 28
10 мин: Месни известувања. Прочитај благајнички извештај и благодарност од Заедницата за донациите. Вклучи кратки коментари кои покажуваат колку е благословен оној кој има дарежлив дух (Изр. 11:24а).
15 мин: „Гради вера во Творецот на човештвото.“ Дискусија со присутните. Колку што дозволува времето, прикажи една од предложените повторни посети.
20 мин: „Собраниската студија на книга ги унапредува образовните активности.“ Еден водител на студија дискутира со присутните. Нагласи како статијата охрабрува 1) да се зголеми посетеноста на студијата на книга, 2) повеќе да се коментира за време на студијата и 3) подобро да се поддржуваат состаноците за служба.
Песна 65 и заклучна молитва.
Седмица од 20. јуни
Песна 31
10 мин: Месни известувања. Младите кои сега се на училишен распуст треба да разгледаат кои прилики ги имаат за да го зголемат својот удел во службата; некои ќе можат да бидат помошни пионери. Оние кои завршиле со школувањето треба сериозно да ги разгледаат своите планови за иднината, со цел да ги задржат интересите на Царството на прво место.
10 мин: По потреба на собранието. Или говор на темел на статијата „Каква кариера да изберам?“ од Разбудете се! од 8. мај 1989, страници 12-14 (англ.).
10 мин: Прашања. Дискусија со прашања и одговори.
15 мин: „Дали ја вршиш Божјата волја?“ Говор на старешина темелен на Стражарска кула од 1. март 1994, страници 28-30.
Песна 223 и заклучна молитва.
Седмица од 27. јуни
Песна 174
10 мин: Месни известувања. Повтори каков е распоредот за служба на проповедање во текот на празничниот викенд.
15 мин: „Смисловни состаноци за служба на проповедање.“ Прашања и одговори што ги води надгледникот за служба. Кога се дискутира пасус 3, укажи на еден или два увода од книгата Расудување кои може да се користат овој викенд. Кај пасус 5 спомени некои проблеми во врска со однесувањето во службата кои се забележани локално; дај љубезни предлози за поправање.
20 мин: Разгледување на понудата за јули: Покажи примероци на брошури кои собранието ги има на залиха. Овие брошури се практични за започнување библиски студии. Повтори некои интересни одлики и илустрации кои може да се користат за да се започне разговор. Подготви два приказа кои покажуваат како да се започне дискусија на библиска тема. (Користи ги предлозите од книгата Расудување под „Иднина / Безбедност“, страница 11, и „Царството“, страница 12. Приказите треба да завршат со договори за започнување на библиска студија).
Песна 118 и заклучна молитва.