Службени состаноци за јули
Седмица од 4. јули
Песна 141
10 мин: Месни известувања и избрани известувања од Наша служба за Царството. Спомени ги насловите на џебните брошури, ако собранието има некоја на залиха; охрабри ги објавителите да си земат од нив за во служба. Ако собранието нема џебни брошури, предложи други брошури што може да се користат.
17 мин: „Од куќа до куќа без престан.“ Прашања и одговори. Побарај да го изразат своето ценење некои од присутните со кои за првпат се контактирало при работа од врата до врата.
18 мин: „Помогни им на другите да ја запознаат вистината.“ Дискусија со присутните. Договори се со способни објавители да прикажат две или три предложени презентации. Нагласи ја важноста на краткиот, едноставен пристап.
Песна 120 и заклучна молитва.
Седмица од 11. јули
Песна 115
12 мин: Месни известувања. Прочитај го благајничкиот извештај заедно со благодарност од Заедницата за донациите, ако е добиена. Изрази пофалба за прилозите (2. Мој. 35:29). Охрабри ги објавителите да размислат за вечерното сведочење — одлично време за работа од врата до врата или за повторни посети.
15 мин: По потреба на собранието. Или, искусен старешина да одржи говор на темел на статијата „Држи се настрана кога опасноста се заканува“ од Стражарска кула од 15. февруари 1994, стр. 22-25.
18 мин: „Како ќе чујат ако не дојдеме повторно?“ Дискусија со пристуните. Прикажи ги предлозите од 3. и 4. пасус. Дај и додатни коментари со кои ќе покажеш зошто треба повторните посети да се прават со цел да се започне библиска студија.
Песна 123 и заклучна молитва.
Седмица од 18. јули
Песна 125
15 мин: Месни известувања. Разгледување на врвните точки од статијата „Програма за новиот покраински состанок“. Спомени го датумот на следниот покраински состанок, ако е познат. Опиши ги подготовките за служба на подрачјето за овој викенд и охрабри на учество во растурањето на списанија.
8 мин: Прашања. Дискусија со прашања и одговори.
22 мин: „Пронаоѓање на заинтересираните преку делотворно сведочење на улица.“ Надгледникот за служба или друг способен старешина кој е делотворен во сведочењето на улица дискутира за статијата со двајца или тројца објавители кои исто така имаат искуство во сведочење на улица. Дискусијата може да вклучува и две или три кратки искуства или прикази кои ги нагласуваат клучните точки од статијата. Да се прикаже како да се пристапи со најновите списанија.
Песна 134 и заклучна молитва.
Седмица од 25. јули
Песна 140
10 мин: Месни известувања. Теократски вести. Прикажи презентација на последните броеви на списанијата. Охрабри ги сите да учествуваат во растурањето на списанија.
15 мин: „На помладите им треба добар пример.“ Прашања и одговори. Интервјуирај еден или двајца млади кои се добри примери. Нека објаснат какви духовни цели си поставиле и како нивните напори им носат додатни благослови.
20 мин: Поправање на делотворноста на нашите презентации. Едно семејство има час по вежбање кој се темели на предлозите од Водич, страница 95, пасус 9. Еден член на семејството покажува презентација, а другите го пофалуваат и даваат предлози за поправање. Вклучете вообичаени приговори на кои се наидува на вашето подрачје и дискутирајте за тоа како да се надминат.
Песна 187 и заклучна молитва.