Службени состаноци за август
Седмица од 1. август
Песна 159
15 мин: Месни известувања и избрани Известувања од Наша служба за Царството. Од најновите списанија прикажи ги мислите за разговор кои можат да се истакнуваат во службата на подрачјето овој викенд.
15 мин: „Задржи позитивен став.“ Прашања и одговори. Кратко интервјуирај пионер или долгогодишен објавител кој ќе раскаже како задржал позитивен став и покрај рамнодушноста или спротивставувањето на подрачјето.
15 мин: „Брошурите — драгоцени алатки за службата.“ Дискусија со присутните. Договори се за два добро подготвени прикази на предложените презентации во кои ќе се споменат прилозите за светското дело. Покажи некои од брошурите што ќе се нудат во текот на август. Потсети ги присутните да си подигнат брошури за службата во оваа седмица.
Песна 142 и заклучна молитва.
Седмица од 8. август
Песна 216
10 мин: Месни известувања.
15 мин: „Добро запознај ги своите браќа.“ Прашања и одговори. Предложи им на присутните да раскажат кратки искуства кои покажуваат како тие биле во можност подобро да се запознаат со другите така што ги примениле предлозите од 6. пасус.
20 мин: Уште повеќе да се сведочи неформално. Група од три или четири објавители дискутираат за тоа како да го зголемат својот удел во оваа активност. Користејќи ја Стражарска кула од 1. февруари 1988, стр. 28-32, разгледуваат што правеле други објавители и зборуваат за тоа како тие планираат да сторат повеќе во овој вид сведочење. Претседавачот ги охрабрува присутните да размислат како можат тие да учествуваат во оваа гранка на службата.
Песна 182 и заклучна молитва.
Седмица од 15. август
Песна 166
5 мин: Месни известувања, вклучувајќи и благајнички извештај и благодарност за донациите.
15 мин: „Негување на интересот на повторните посети.“ Дискусија со присутните. Вклучи два 3-минутни прикази кои покажуваат како презентациите може да се употребат за да се направат повторни посети. Охрабри да се вложат напори за да се започнат библиски студии.
25 мин: „Продожи да одиш напред во една уредна рутина.“ Прашања и одговори.
Песна 96 и заклучна молитва.
Седмица од 22. август
Песна 218
15 мин: Месни известувања. „Нова програма за Денот на посебен состанок.“ Ако е познат, објави го датумот на следниот Ден на посебен состанок и охрабри ги сите да планираат да присуствуваат.
15 мин: „Како да му се приближам на Бог?“ Приказ на семејна студија. Родители со нивните деца што се тинејџери дискутираат за материјалот од 39. поглавје од книгата Младите прашуваат. Обработете го поднасловот „Јавно објави го своето пријателство со Бог“, стр. 315-318. Децата се жалат дека се срамат кога одат од врата до врата, а за состаноците велат дека се повторуваат и дека се премногу чести. Родителите разговараат со нив на љубезен начин, укажувајќи на библиските начела кои покажуваат дека овие активности се неопходни ако сакаат да одржат еден добар однос со Јехова.
15 мин: По потреба на собранието или говор од статијата „Интензивно вработени со добрата вест“ од Стражарска кула од 1. јули 1991, стр. 28-30.
Песна 184 и заклучна молитва.
Седмица од 29. август
Песна 199
13 мин: Месни известувања. Опиши ги посебните подготовки за службата од 5. септември. Интервјуирај еден или двајца објавители кои можеле да бидат помошни пионери или на друг начин да ја прошират својата активност во летните месеци. Раскажете некои радосни искуства.
15 мин: „Можеш ли повторно да стапиш во пионерските редови?“ Дискусија со присутните. Вклучи и некои месни искуства кои покажуваат како некој се вратил во пионерската служба или како соработувало семејството за да му помогне на еден член да ја искористи оваа предност.
17 мин: Нудење на книгата Живеј засекогаш во септември. Охрабри на воодушевени напори да се врачи оваа книга и да се започнат студии во текот на септември. Таа е издадена во 1982 и оттогаш е користена како главно средство за водење библиски студии. Примероците што излегоа на обласните конгреси ја имаа следнава порака: „Оваа нова студиска книга го содржи токму она што е потребно за да им помогне на многумина да ја стекнат истата надеж што ја имаме ние. . . . Таа ги содржи сите важни библиски вистини кои новите треба да ги разберат со цел да му ги предадат своите животи на Јехова и да му служат прифатливо.“ Резултатите покажуваат пораст на објавители од 2.652.323 во 1983 на 4.709.889 во 1993. Побарај од поединци да раскажат како ја научиле вистината преку проучување на оваа книга или како тие им помогнале на други преку проучување на истата со нив. Колку што дозволува времето, истакни други одлики на оваа книга кои може да се нагласат кога се нуди, и потсети да ја споменат предноста која станарите ја имаат да дадат мал прилог за светското дело.
Песна 161 и заклучна молитва.