Состаноци за служба за ноември
Седмица од 7. ноември
10 мин: Месни известувања и избрани Известувања од Наша служба за Царството. Спомни една до две точки за разговор од секое од најновите списанија што можеме да ги користиме при понудата.
18 мин: „Божјата Реч има моќ.“ Прашања и одговори. Вклучи коментари за важноста на редовното читање на Библијата, темелени на уводот од Секојдневно разгледување на Писмото — 1994.
17 мин: „Библијата — извор на утеха и надеж во еден немирен свет.“ Дискусија со присутните. Договори два прикази кои покажуваат како да се користат предложените презентации.
Песна 24 и заклучна молитва.
Седмица од 14. ноември
Песна 25
10 мин: Месни известувања. Прочитај го благајничкиот извештај и, доколку има, благодарноста за донациите.
17 мин: „Каков дух покажуваш?“ Говор. Вклучи коментари од Стражарска кула од 1. јануари 1978 (хрв.), стр. 20, пасуси 4 и 5.
18 мин: „Како да го подобриме нашето проповедање за Царството.“ Прашања и одговори. Побарај од присутните да раскажат искуства кои покажуваат како ги користеле предлозите дадени во Наша служба за Царството и имале добри резултати.
Песна 37 и заклучна молитва.
Седмица од 21. ноември
Песна 40
12 мин: Месни известувања. Прашања. Говор. Примени го материјалот локално.
15 мин: По потреба на собранието, или говор на старешина темелен на статијата „Цени ја твојата света служба“, од Стражарска кула од 1. септември 1994, страница 29.
18 мин: „Помогни им да чујат и ‚другпат‘.“ Дискусија со присутните. Имај два добро подготвени прикази кои ќе покажат како да се користи книгата Библијата — Реч Божја или човечка? за започнување на библиска студија.
Песна 52 и заклучна молитва.
Седмица од 28. ноември
Песна 58
10 мин: Месни известувања. Покажи како да се презентираат најновите списанија.
17 мин: „Благослови кои уследуваат кога работиме со другите.“ Прашања и одговори. Охрабри ги сите да ги поддржуваат состаноците за служба на подрачјето, што ги организира собранието, наместо секогаш да се договараат приватно. Работењето во група донесува додатни благослови, поделотворна служба и меѓусебно охрабрување.
18 мин: Нудење на книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел, во декември. Постои голема потреба од оваа книга. Стотици милиони луѓе се исповедуваат како Исусови следбеници и тврдат дека веруваат во она што тој го поучувал. Луѓето треба да знаат по што се издвојувал од другите луѓе — нивното спасение зависи од тоа. Книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел, поглавје 133, наведува: „Нашите срца се трогнати кога размислуваме за неговата достоинствена храброст и машкост, неговата неспоредлива мудрост, неговата величествена способност како учител, неговото бестрашно водство и неговото љубезно сожалување и разбирање“. Библијата јасно го идентификува како 1) Сведок (Јован 18:37), 2) Спасител (Дела 4:12) и 3) Цар (Откр. 11:15). Еден способен објавител нека прикаже презентација, користејќи некои од овие точки. Охрабри ги сите да учествуваат во делењето на оваа книга во текот на декември.
Песна 61 и заклучна молитва.