Известувања
◼ Понуда на литература во декември: Најголемиот човек кој некогаш живеел. Јануари: Било која книга од 192 страници, објавена пред 1982, што собранието можеби ја има на залиха. Собранијата кои ги немаат на залиха овие постари публикации ќе нудат Вистински мир и безбедност — Од каде? Февруари: Ќе се нуди Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Овие книги може да се оставаат на повторни посети и треба да се прават напори за започнување на библиски студии. Март: Откровение — Близу е величествената кулминација! НАПОМЕНА: Собранијата кои сѐ уште не ја нарачале гореспоменатата акциска литература, треба да го сторат тоа на својата следна месечна Нарачка (S(d)-14).
◼ Претседавачкиот надгледник, или некој кого тој го одредил, треба да ги прегледа собраниските сметки до 1. декември или што е можно побрзо после тоа. Кога прегледувањето ќе биде завршено, поднесете извештај пред собранието.
◼ Споменот за 1996 ќе биде во вторник, 2. април, после зајдисонце. Оваа предвремена напомена за датумот на одржувањето на Споменот за 1996 се дава толку рано за да можат браќата да ги направат потребните резервации или договори за расположливите сали, ако премногу собранија ја користат истата Сала на Царството па мораат да бараат други простории.
◼ Собранијата треба да почнат да нарачуваат залиха од повезите на Стражарска кула и Разбудете се! за 1994 на своите декемвриски нарачки за литература. Повезите ќе бидат достапни на следниве јазици: англиски, германски, грчки, италијански, полски, руски, словенечки, српски, украински, француски, хрватски, шпански и други јазици. Сѐ додека овие книги не бидат на располагање, на фактурата за литература ќе бидат наведени како веќе нарачани. Молиме запомнете дека повезите спаѓаат во посебна нарачка.
◼ Изданија од полумесечната Стражарска кула на аудиокасети на италијански може да се добиваат почнувајќи со бројот од 1. септември 1994.
◼ НОВО НА ЗАЛИХА:
Турски: Индекс на библиски стихови во публикации на Watchtower 1974-1990. Хрватски: Индекс на библиски стихови во публикации на Watchtower 1986-1990.