Постојано посветувај внимание на твоето учење
1 Новата програма за Теократската школа за проповедање ќе започне во јануари 1995. Во текот на годината, и понатаму ќе ги користиме книгите Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог и Сето Писмо е од Бог инспирирано и корисно. Иако многумина веќе ги имаат прочитано овие публикации, разгледувањето на материјалот во распоредот на школата ќе им помогне на сите да го зголемат ценењето за Божјата Реч и организација. Зошто да не одвоиш време секоја седмица да го разгледаш зададениот материјал од овие публикации.
2 Живи и интересни поучни говори: Поучните говори од книгите Обединети во обожавањето и Сето Писмо е инспирирано, треба да бидат подготвувани на еден жив и интересен начин. Тие треба да ја нагласуваат практичната вредност на информациите, придонесувајќи за тоа нивната употреба да го продлабочува почитувањето кон Јеховината организација и нашето ценење за предностите што ги имаме како Божји слуги. Ако секое семејство што ја посетува школата си донесе на состанок по еден примерок од овие публикации, членовите на семејството ќе можат повнимателно да го следат поучниот говор и ќе можат да извлечат корист од изнесените информации.
3 Читање на библиски стихови што наведува на размислување: Доброто читање, со соодветно смисловно нагласување и чувство, е важен дел од делотворното поучување. Освен тоа, доделениот материјал за читање во Говор бр. 2 не е обемен, а говорникот обично ќе има и доволно време за уводни и заклучни коментари. Уводот треба да подбуди интерес за доделениот материјал и да ја подготви публиката да ја препознае практичната вредност. Заклучокот може да содржи објаснителни коментари и примена на материјалот со што говорникот ќе го искористи сето време што е определено.
4 Натамошни информации за програмата на школата и за тоа како да се постапува со задачите може да се најдат во „Распоредот за Теократската школа за проповедање — 1995“. Ние посветуваме внимание на нашето учење со тоа што ги разгледуваме упатствата во овој материјал, добро ги подготвуваме нашите задачи и ги применуваме советите што ни се дадени со цел да се подобриме во уметноста на говорење и поучување. Оние кои сѐ уште не се запишани во школата срдечно се поканети да го сторат тоа.