Ќе се промени ли вашето време за состаноци?
Таму каде што повеќе собранија, кои користат иста Сала на Царството, се имаат согласено да ротираат, односно да го менуваат времето за состаноци, треба да го сторат тоа во почетокот на јануари. Спремноста да се соработува со оваа воспоставена подготовка ја покажува меѓусебната љубов и обѕирност. Честопати, промената на времето за состаноци ќе биде во твоја полза така што ќе ти овозможи посетувањето на состаноците да ти биде позгодно.
Од друга страна, промената што ќе настапи оваа година можеби нема сосема да ти се вклопува во планот на активности. Тоа може да изискува прилагодување во твојата нормална рутина, што може на некој начин да те вознемири. Секој кој покажува спремност на соработка покажува и ценење за севкупната подготовка, која е направена на взаемна корист на секој што е вклучен.
Се разбира, следната ротација на времето на состаноците можеби повеќе ќе ти се допаѓа. Во меѓувреме, охрабрен си да ги направиш потребните лични прилагодувања за да можеш да присуствуваш на сите седмични состаноци според планот за кој решило собранието. Настојувај да го задржиш на ум гледиштето на псалмистот Давид, кој изјавил: „Се зарадував кога ми рекоа: ‚Ќе одиме во домот Господов‘“ (Пс. 121:1).