ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/95 стр. 7
  • Мислете на другите — 1. дел

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мислете на другите — 1. дел
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Сличен материјал
  • Места на кои го славиме Јехова
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Да го одржуваме нашето место за обожавање во добра состојба
    Нашата служба за Царството 2003
  • Патувачките надгледници — соработници во вистината
    Јеховините сведоци обединето ја извршуваат Божјата волја ширум светот
  • На ова место го славиме Бог!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Нашата служба за Царството 1995
km 1/95 стр. 7

Мислете на другите — 1. дел

1 Ние се радуваме на напредокот на Јеховиниот народ, што придонесува за пораст на бројот на собранија. Во некои места, особено во поголемите градови, Салите на Царството се преоптоварени бидејќи понекогаш мораат по неколку собранија да користат иста Сала на Царството. Оваа ситуација изискува од сите што се вклучени во тоа, посебно да мислат на другите.

2 Секое собрание што ја користи Салата на Царството треба да ја остави во чиста и уредна состојба за браќата кои доаѓаат после него. Столиците треба да бидат подредени, сета литература од штандот треба да биде вратена на свое место и сите лични работи, што се оставени низ Салата, да бидат собрани. Тоалетите треба да се остават чисти и да се провери дали има сапун, пешкири и тоалетна хартија, и дали се испразнети корпите за отпадоци.

3 Ако состанокот на другото собрание почнува по кратко време, оние кои остануваат после завршениот состанок не треба да се задржуваат непотребно, пречејќи на подготовките за следниот состанок. При долгите друштвени разговори може да се преполни ходникот, а браќата што ги организираат работите за следниот состанок да задоцнат со извршувањето. Паркиралиштето околу Салата на Царството е можеби ограничено, па би било добро да се напушти навреме за да се ослободи место за паркирање за следните. Од друга страна, оние што го посетуваат следниот состанок не треба да дојдат прерано, предизвикувајќи непотребно навалица во ходникот, во гардеробата и на паркингот.

4 Кога се вклучени неколку собранија, постои посебна потреба од блиска соработка во правењето подготовки за седмично чистење на Салата на Царството. Обично собранијата се менуваат во одреден период. Кога вашето собрание ја има таа одговорност, погрижете се чистењето да биде темелно и навремено. Тогаш другите собранија што ја користат салата нема да имаат причина за приговор.

5 Повремено постои потреба секое собрание да го промени времето за состаноци, како тогаш кога покраинскиот надгледник е во посета. Ако тоа влијае врз друго собрание, старешините треба доволно рано да го известат тоа собрание за да можат, пак, тие да ги информираат нивните објавители колку што е можно порано. Исто така, ако е испланирана некоја одобрена активност, како што е Школата за пионерска служба, состанок со старешините од покраината или венчавка, треба доволно рано да се консултираат другите собранија и секој покраински надгледник врз кого можеби ќе влијае тоа; така тие нема да планираат да ја користат Салата на Царството во истото време.

6 Постои приличен број сали што ги користат собранија кои припаѓаат на различни покраини. Неопходно е патувачките надгледници кои ги посетуваат тие сали да се информираат меѓусебно за секоја следна посета што ја планираат. Кога двајца патувачки надгледници ќе испланираат посета во истата седмица, тогаш се прават промени во последна минута или настануваат други тешкотии.

7 Љубезното мислење на другите, добрата комуникација, доброто навремено планирање и соработката, ќе помогнат да се одржи срдечен однос меѓу собранијата и ќе се овозможи „сѐ да се врши како прилега и уредно“ (1. Кор. 14:40).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели