ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/95 стр. 1
  • Проповедањето — почесна предност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Проповедањето — почесна предност
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Сличен материјал
  • Цени ја честа да проповедаш
    Нашата служба за Царството 2011
  • Проповедање на Царството — скапоцена задача
    Нашата служба за Царството 2005
  • Мора да останеме ревносни во службата
    Нашата служба за Царството 2007
  • Продолжи ревносно да проповедаш
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Нашата служба за Царството 1995
km 2/95 стр. 1

Проповедањето — почесна предност

1 Службата за добрата вест е една почесна предност што Јехова ни ја дал и нам (Рим. 15:16; 1. Тим. 1:12). Дали ја гледаш како таква? Да не дозволиме ниту времето ниту исмејувањето од другите да ја намалат нејзината важност во наши очи. Носењето на Божјето име е чест што им е дадена на малкумина. Како можеме да го зголемуваме своето ценење за оваа предност?

2 Проповедањето на пораката за Царството не ни донесува наклоност од светот. На нашето дело многумина гледаат рамнодушно или незаинтересирано. Други го исмејуваат или му се противат. Таквото противење може да дојде од колегите на работа, од соседите, па дури и од некои членови на семејството. Можно е во нивни очи да изгледаме заведени и глупави (Јован 15:19; 1. Кор. 1:18, 21; 2. Тим. 3:12). Нивните обесхрабрувачки коментари се со цел да ни ја задушат ревноста и да нѐ наведат да забавиме или да се откажеме од нашата почесна предност. Негативните гледишта ги унапредува Сатана кој „им ги заслепил умовите нивни, за да не ги осветли светлината на Благовестието“ (2. Кор. 4:4). Како реагираш ти?

3 Важно е да задржиш на ум дека нашето проповедање за Царството е најважното дело кое некој од нас може да го врши денес. Имаме една животоспасувачка порака до која не може да се дојде преку ниедно друго средство (Рим. 10:13-15). Важно е Божјето одобрување, а не човечкото. Негативниот став на светот спрема нашата проповедничка активност не нѐ одвраќа од храброто објавување на добрата вест (Дела 4:29).

4 Исус високо ја ценел предноста да ја врши волјата на својот Татко (Јован 4:34). Тој се посветил исклучително на службата и не дозволил да го забават во тоа ниту пречки ниту противници. Проповедањето на пораката за Царството секогаш го заземала првото место во неговиот живот (Лука 4:43). Нам ни е заповедано да го имитираме неговиот пример (1. Петр. 2:21). Со таквото постапување служиме како „соработници на Бога“ (1. Кор. 3:9). Дали ја извлекуваме сета корист од оваа предност? Дали бараме прилики да ја делиме добрата вест со другите, како формално така и неформално? Како Сведоци на Јехова, треба секогаш да бидеме спремни да даваме „јавна изјава за неговото име“ (Евр. 13:15, НС).

5 Нашето учество во службата во голема мера зависи од нашиот став. Дали длабоко го цениме сето она што Јехова го сторил за нас? Дали сме развиле во срцето љубов кон Јехова која нѐ мотивира да сториме сѐ што можеме во неговата служба? Медитирањето за благословите што сега ги уживаме, како и за она што Јехова го ветил за иднината, ни помага да изобилуваме во љубовта кон нашиот Творец. Таквата љубов нѐ подбудува на дејствување — да истраеме и да бидеме редовни во делото на проповедање за Царството онолку колку што ни дозволуваат околностите. Нашата ревност ќе докаже дека имаме љубов кон Јехова и кон ближните (Мар. 12:30, 31).

6 Колку високо цениме едно нешто, покажуваме со начинот на кој постапуваме со него и со начинот на кој зборуваме за него. Дали навистина ја цениме нашата предност да проповедаме за Царството? Дали ја прославуваме својата служба? Дали сме решени да истраеме во ова важно дело и покрај противења? Ако ја цениме високо оваа прекрасна предност, сигурно ќе бидеме ревни и сесрдни (2. Кор. 4:1, 7).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели