Мора да останеме ревносни во службата
1 Во изминативе 15 години, Јеховините сведоци во целиот свет ревносно поминуваат повеќе од една милијарда часови годишно во делото на проповедање за Царството и правење ученици. Колку сме среќни што и ние имаме некаков удел во тој извонреден успех! (Мат. 28:19, 20).
2 Се разбира, сета фалба и слава за тоа му припаѓаат на Јехова, кој нѐ поддржува во службата во текот на овие „особено тешки времиња“ (2. Тим. 3:1). Што треба да правиме за да продолжиме ревносно да учествуваме во ова важно дело?
3 Зошто сме ревносни: Она што нѐ мотивира да продолжиме со службата за Царството е длабоката љубов кон Бог и кон луѓето, како и искрената желба да живееме во склад со заветот што му го дадовме на Бог (Мат. 22:37-39; 1. Јов. 5:3). Љубовта нѐ тера да правиме жртви за да проповедаме со сите сили (Лука 9:23).
4 Напрегај се да останеш ревносен: Нашиот непријател Ѓаволот прави сѐ за да ни ја задуши ревноста за службата. Некои работи што ги користи за да нѐ обесхрабри се: рамнодушноста на луѓето на кои им проповедаме, работите од светот што ни го одвлекуваат вниманието, животните грижи и лошото здравје.
5 Затоа, мора силно да се напрегаме за да не ни се намали ревноста. Важно е да ја зачуваме „својата прва љубов“. Тоа подразбира редовно да ја читаме и длабоко да размислуваме за Божјата реч, Библијата, и да го користиме сето она што Јехова ни го дава преку „верниот и разборит роб“ за да си ја зајакнеме верата (Отк. 2:4; Мат. 24:45; Пс. 119:97).
6 Од библиските пророштва јасно се гледа дека брзо се приближува Јеховиниот ден во кој ќе бидат уништени безбожните луѓе (2. Пет. 2:3; 3:10). Имајќи го тоа на ум, силно да се напрегаме да останеме ревносни во службата така што ќе даваме сѐ од себе во делото на проповедање за Царството и правење ученици, кое сега се врши низ целиот свет!