Потсетник за секретарот и за надгледникот за служба
Едно известување во февруарското издание на Наша служба за Царството, секоја година ги упатува секретарот и надгледникот за служба „да ја разгледаат активноста на сите општи пионери“. Која е целта на ваквото разгледување? Целта е да се одреди кому, можеби, му треба помош да ја исполни квотата на часови пред да заврши службената година.
Од општите пионери се бара да посветат на службата по 1.000 часови годишно. При крајот на февруари, некои пионери увидуваат дека заостанале со часовите, а ова може да ги обесхрабри. Старешините можат честопати да им помогнат на пионерите, охрабрувајќи ги и давајќи им практични предлози. Од тоа може да зависи дали пионерите успешно ќе ги исполнат барањата за таа година или ќе отпаднат од списокот на пионери.
Пионерите сигурно ќе ја ценат искрената грижа на старешините во овој поглед. Собранието исто така ќе извлече корист од пионерите во неговите редови кои се среќни во службата, додека верно се држат за својата задача.