Известувања
◼ Понуда на литература во април и мај: Списанијата Стражарска кула и Разбудете се! На често обработувани подрачја може да се користи која било брошура (освен брошурата Училиште). Јуни: Животот — Како настанал? Преку еволуција или преку создавање? Јули и август: Може да се користи која било од следниве брошури од 32 страници: Се грижи ли Бог навистина за нас?, Радувај се засекогаш на животот на Земјата,„Гледај! Сѐ ново создавам!“, Дали треба да се верува во Тројство?, Божјето име е вечно, Владата која ќе воспостави Рај, Која е смислата на животот? — Како да се пронајде? и Кога ќе умре некој што го сакаш. НАПОМЕНА: Собранијата кои сѐ уште не ја нарачале гореспоменатата акциска литература, треба да го сторат тоа на својата следна месечна Нарачка (S(d)-14).
◼ Како што веќе беше известено, посебната Вест за Царството ќе излезе во недела, на 23 април, на собраниските состаноци, како и на покраинските состаноци и на деновите на посебен состанок што се испланирани за тој датум. Дистрибуцијата на Веста за Царството може да започне веднаш по излегувањето. Ова важи за СИТЕ собранија, вклучувајќи ги и оние што требало да го променат распоредот на состаноците поради конгрес, поради посета на покраински надгледник или поради некоја друга активност. Собранијата што ќе го одржат посебното предавање после 23 април, можат да ја издадат Веста за Царството и да почнат со дистрибуција на 24 април.
◼ Почнувајќи од април, во пратката со литература автоматски ќе бидат вклучени и значки за обласниот конгрес за 1995, на македонски. Нема да биде потребно да се нарачуваат. Врз основа на големината на секое собрание, значките ќе бидат испраќани во пакетчиња од по 25. Ако во собранието се потребни уште значки, треба да се нарачаат преку Нарачка (S(d)-14). Потребно е да се нарачаат пластични фолии за значки за сите во собранието кои тоа го сакаат.
◼ НОВО НА ЗАЛИХА:
Албански: Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог, Која е смислата на животот? — Како да се пронајде?; Ќе постои ли некогаш свет без војна? (за Евреи). Италијански: Зошто да го обожаваме Бог во љубов и вистина? (за Хиндуси). Хрватски: Како да се поправи способноста за говорење и за поучување?