Повторување во Теократската школа за проповедање
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа за проповедање од 2 јануари до 17 април 1995. Употреби посебен лист хартија за да запишеш колку што можеш повеќе одговори на прашањата во зададеното време.
[Напомена: Во текот на писменото повторување, за да се одговори на кое било прашање, може да се користи само Библијата. Референциите кои следат после секое прашање се наменети за лично истражување. После секоја референција за Стражарска кула, можеби нема да се појават броевите на страници и пасуси.]
Означи дали следниве искази се точни или неточни:
1. Кога Бог го прифатил Давидовото покајание поради гревот со Вирсавија, Давид и неговото семејство биле поштедени од лошите последици на неговото неисправно постапување. [uw стр. 127, пас. 5]
2. Во Изреки 11:1 е нагласено начелото дека мораме да бидеме етични и чесни во сите наши деловни постапки ако сакаме Јеховина наклоност. [Седмично читање на Библијата; види wMC 4/87, стр. 19]
3. Прифаќањето совет е знак на слабост. [uw стр. 127, пас. 4]
4. Изреки 14:17 (НС) прво им обрнува внимание на емоциите бидејќи тие обично им претходат на постапките. [Седмично читање на Библијата; види wMC 15.8.93, стр. 20, 21]
5. Сите кои го викаат Исус Господ ќе бидат спасени. [uw стр. 105, пас. 5]
6. Во 33 н. е., кога бил воскреснат и седнал од десната страна на Бог, Исус започнал да владее над своите помазани ученици (Кол. 1:13). [gt погл. 132]
7. Околу 3.000 години пред научниците да го откријат генетскиот код, Псалм 138:13-16 одразил спознание за него. [Седмично читање на Библијата; види wMC 15.5.92, стр. 4]
8. Изреки 8:22-31 е само опис на мудроста. [Седмично читање на Библијата; види wMC 5/87, стр. 21]
9. Еден вистински христијанин воопшто не треба да мрази. [Седмично читање на Библијата; види wMC 1.1.92, стр. 21]
10. Изреки 11:25 е пример на паралелни мисли или идеи во хебрејски поетски стил, а Изреки 10:7 е пример на контрастен паралелизам. [si стр. 107, пас. 7]
Одговори на следниве прашања:
11. Зошто се Псалмите многу повеќе од ремек-дело? [si стр. 104, пас. 23]
12. Од каква корист било за Исус неговото познавање на Псалмите? [si стр. 105, пас. 30]
13. Кој му ја дал на Соломон мудроста, и какво ценење треба таквото спознание да создаде кај нас додека ги читаме Изреките? [si стр. 106, пас. 1]
14. Кој мислела Марија Магдалена дека е воскреснатиот Исус кога ѝ зборувал во градината, и што ѝ помогнало точно да го препознае? [gt погл. 128]
15. Кои два члена на Синедрионот, кои се плашеле да покажат дека се со Исус, помогнале да се подготви неговото тело за закоп? [gt погл. 127]
16. Како можеме во секојдневните активности да покажеме дека имаме самопожртвувана љубов кон нашите браќа? [uw стр. 132, 133, пас. 3, 4]
17. На кој историски настан се осврнува Псалм 135:10-15 и што му се случило на фараонот? [Седмично читање на Библијата; види wMC 15.6.93, стр. 5.]
18. За која двојна цел служи пролиената крв на Христос? [uw стр. 115, пас. 13]
19. Зошто биле уверени верните апостоли, Исусовиот полубрат Јаков и повеќе од 500-те ученици, дека Исус е воскреснат? [gt погл. 131]
20. Што го направило Исус Христос најголем човек кој некогаш живеел? [gt воведни коментари]
Впиши што недостига во следниве изјави:
21. Во својот познат говор на Пентакост 33 н. е., Петар повеќе пати цитирал од книгата ․․․․․․․․; во таа прилика се крстиле околу ․․․․․․․․ луѓе кои се приклучиле на христијанското собрание. [si стр. 105, пас. 25, 26]
22. Псалмите прорекле дека на Исус ќе му биде нудено да пие ․․․․․․․․ , дека ќе биде фрлана ждрепка за неговата горна _ и дека ќе изгледа како ․․․․․․․․ да го напуштил. [si стр. 105, пас. 30]
23. Јеховината организација е теократска, што значи дека со неа ․․․․․․․․; Јехова ја води преку Поглаварот на собранието, ․․․․․․․․, преку Неговата Реч, ․․․․․․․․; а Исус му доверил посебни одговорности на ․․․․․․․․ (Мат. 24:45, НС). [uw стр. 118, 119, пас. 4-6]
24. За разлика од 144-те илјади кои се земаат на небото, едно ․․․․․․․․, што човек не може да го преброи, ќе ја преживее _ токму овде на ․․․․․․․․ (Откр. 7:9, 14). [uw стр. 104, пас. 3, 4]
25. За да донесе одлука одобрена од Бог, водечкото тело од првиот век го зело предвид она што инспирираните ․․․․․․․․ имале да го кажат за темата за која станувало збор, како и доказот за делување на ․․․․․․․․ (Дела 15:6-29). [uw стр. 120, пас. 8]
Пронајди го точниот одговор во следниве изјави:
26. При неговото распнување, на Исус му било понудено вино со миризлива смола, но тој одбил да пие бидејќи (законот го забранувал тоа; бил назиреј; сакал да има потполна контрола над своите способности). [gt погл. 125]
27. Фактот дека сме ги испрале облеките и сме ги избелиле во крвта на Јагнето, значи дека (сме престанале да правиме гревови; сме признале дека ни е потребна опросната вредност на Исусовата жртва; сме му го предале на Бог својот живот и сме се крстиле). [uw стр. 106, пас. 7]
28. Најмалку пет пати Исус бил прогласен за виновен од страна на (Ирод; Пилат; Феликс), кој подоцна попуштил под немилосрдните барања на Евреите и го предал Исус на погубување. [gt погл. 124]
29. Сите Божји верни слуги кои умреле и останале мртви пред Пентакост (36; 35; 33) н. е., не биле помазани со свет дух за небесен живот. [uw стр. 111, пас. 5]
30. Сатана тврди дека сите луѓе се мотивирани од (љубов; омраза; желба за лична добивка) и дека нивниот главен интерес е насочен (кон Божјето име; кон другите; кон нив лично). [uw стр. 124, пас. 14]
Стави ги следниве библиски стихови зад соодветните изјави: Изреки 3:27, 28; Јован 19:4-6; 19:25-27; Рим. 15:2, 3; Откр. 7:16, 17
31. Христијаните имаат одговорност да се грижат за своите остарени родители. [gt погл. 126]
32. Ние сме искрено заинтересирани за впечатокот што нашиот изглед го остава врз другите, па затоа спремно ги жртвуваме личните задоволства. [uw стр. 130, пас. 10, 11]
33. Секогаш кога имаме прилика да им правиме добро на другите, било на духовен било на материјален начин, треба да ја искористиме приликата и да им помогнеме на нашите ближни, особено на нашите духовни браќа. [Седмично читање на Библијата; види wMC 15.12.93, стр. 20]
34. Непотресеното достоинство и спокојство сред непријателство може да му донесе чест на Јехова и да го придобие почитувањето на луѓето. [gt погл. 123]
35. Ние веќе сме почнале да ги уживаме ветените услови кои соодветно се наречени „духовен рај“. [uw стр. 107, 108, пас. 9-11]