Известувања
◼ Понуда на литература во август: Може да се користи која било од следниве брошури од 32 страници: Божјето име е вечно; Владата која ќе воспостави Рај; „Гледај! Сѐ ново создавам!“; Дали треба да се верува во тројство?; Кога ќе умре некој што го сакаш; Која е смислата на животот? — Како да се пронајде?; Радувај се на животот засекогаш на Земјата и Се грижи ли Бог навистина за нас? Септември: Ќе се користи книгата Живеј засекогаш. Треба да се прават напори за да се започнат домашни библиски студии. Октомври: Библијата — Реч Божја или човечка? Ноември: Понуда на Библијата со книгата Библијата — Реч Божја или човечка? НАПОМЕНА: Собранијата кои сѐ уште не ја нарачале гореспоменатата акциска литература, треба да го сторат тоа на својата следна месечна Нарачка (S(d)-14).
◼ На секое собрание ќе му биде испратена соодветна залиха од формулари кои ќе ги користат во текот на 1996 службена година. Тие формулари не треба да се уништуваат. Треба да се користат само за нивната предвидена намена.
◼ Секое собрание ќе добие по три формулари Инвентура на литература (S(d)-18). Собранискиот секретар треба да се состане со братот што е одговорен за литература уште на почетокот на август, па да одредат датум на крајот од месецот за правење на инвентура на собраниската залиха на литература. Мора точно да се преброи сета литература што е на залиха, а вкупниот број да се запише на формуларите Инвентура на литература. Вкупниот број на списанија со кои се располага може да се добие од братот што е одговорен за списанија. Молиме, пратете го оригиналот до Заедницата најдоцна до 6 септември. Задржете индиго-копија за вашата архива. Третиот лист може да се користи како работен лист. Инвентурата треба да ја надгледува секретарот, завршениот формулар треба да го провери претседавачкиот надгледник, а формуларот ќе го потпишат претседавачкиот надгледник и секретарот.
◼ Собранијата треба да почнат да нарачуваат Календар на Јеховините сведоци за 1996 со својата септемвриска нарачка на литература. Календарите ќе можат да се добијат на следниве јазици: англиски, германски, грчки, дански, естонски, италијански, јапонски, кинески, корејски, норвешки, полски, португалски, романски, руски, словачки, словенечки, српски, турски, украински, унгарски, фински, француски, холандски, хрватски, чешки, шведски и шпански.
◼ Ново на залиха:
Македонски: Која е смислата на животот — Како да се пронајде?