Повторување во Теократската школа за проповедање
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа за проповедање од 1 мај до 21 август 1995. Употреби посебен лист хартија за да запишеш колку што можеш повеќе одговори на прашањата во зададеното време.
[Напомена: Во текот на писменото повторување, за да се одговори на кое било прашање, може да се користи само Библијата. Референциите кои следат после секое прашање се наменети за лично истражување. После секоја референција за Стражарска кула, можеби нема да се појават броевите на страници и пасуси.]
Одговори со точно или неточно на секоја од следниве изјави:
1. Обожавањето на Бог е лична работа и во никој случај не зависи од нашиот однос со другите (1. Јованово 4:20). [uw стр. 134, пас. 7]
2. Советот од водечкото тело упатен до христијаните од народите, да се воздржуваат од идолопоклонство, од крв и од блуд, се темелел на Мојсеевиот закон (Дела 15:28, 29). [uw стр. 149, пас. 8]
3. Првобитно, Мојсеевиот закон требало да биде задолжителен за целото човештво (Пс. 147:8, 9). [uw стр. 147, пас. 5]
4. Поглавје 53 од Исаија, напишано околу 700 години пред Христовото раѓање, е како живописен извештај од очевидци, кој го опишува Исус Христос и начинот на кој се постапувало со него. [si стр. 119, пас. 8]
5. Соломоновите зборови од Проповедник 3:1, 2 едноставно се однесуваат на постојаниот циклус на животот и смртта, а не на поединечна предодреденост. [Седмично читање на Библијата; види wMC 15.10.91, стр. 5]
6. Не постои световен извор кој може да се мери со здравите совети што ги дава Библијата во врска со семејните работи. [uw стр. 144, пас. 11]
7. Книгата Изреки доаѓа до сржта на нашите проблеми кога нѐ советува да ја положиме сета доверба во Бог. [si стр. 111, пас. 35]
8. Родителите кои дозволуваат нивните деца да гледаат телевизија, без оглед што се прикажува, всушност ги препуштаат сами на себе (Изр. 29:15). [Седмично читање на Библијата; види wMC 1.12.88, стр. 9, пас. 8]
9. Кога ќе настанат проблеми во бракот, вистинскиот христијанин нема себично да ги употреби недостатоците на својот брачен другар како изговор за избегнување на сопствените одговорности. [uw стр. 140, 141, пас. 4, 5]
10. Соломоновата изјава во книгата Проповедник, дека сѐ е суета, се применува на сѐ без исклучок. [si стр. 114, пас. 15]
Одговори на следниве прашања:
11. Кое е основното начело во 2. Мојсеева 20:7? [uw стр. 152]
12. Кои биле двајца од четворицата цареви кои владееле во Јудеја додека Исаија служел како пророк? (12, si стр. 118, пас. 3]
13. Како што е опишано во Исаија 14:4, 12-14, чиј став одразувал царот на Вавилон? [Седмично читање на Библијата; види wMC 1.7.85, стр. 23, пас. 2]
14. Според 2. Мојсеева 19:10, 11, што бара Јехова од своите обожаватели? [uw стр. 152]
15. Кој е современиот стражар, и што објавува тој? (Иса. 21:8, 12) [Седмично читање на Библијата; види wMC 1.7.87, стр. 19, пас. 10]
16. Зошто изнесува Проповедник 12:12 таков негативен став кон книгите? [Седмично читање на Библијата; види wMC 1.9.87, стр. 19]
17. Во склад со Изреки 1:2-4, што истакнува книгата Изреки? [si стр. 109, пас. 19]
18. Што мислел Павле кога ги поттикнал коринтјаните да се ‚рашират‘? (2. Кор. 6:13, НС) [uw стр. 137, пас. 14]
19. Зошто е љубовта „силна како смрт“? (Песна 8:6, 7). [Седмично читање на Библијата; види wMC 1.11.87, стр. 21]
20. Кои практични поуки се учат во прекрасната Песна над песните? [si стр. 117, пас. 16]
Впиши го зборот(-вите) или фразата што е потребна за да се доврши секоја од следниве изјави:
21. Иако ние не сме под Мојсеевиот Закон, ќе имаме корист ако точно ги познаваме ․․․․․․․ врз кои е заснован и ․․․․․․․ обрасци кои тој ги содржи. [uw стр. 153, пас. 14]
22. Законот од 2. Мојсеева 20:4-6 забранува ․․․․․․․, а самиот стих открива дека овој закон се темели врз начелото дека Јехова бара ․․․․․․․. [uw стр. 152]
23. Начелото од 5. Мојсеева 7:1-4 јасно покажува дека еден Божји слуга не треба да склопува _ со некој кој не му служи на ․․․․․․․. [uw стр. 152]
24. Во Песна над песните 2:1-3, стилските фигури што се употребени ја откриваат понизноста и скромноста на ․․․․․․․, како и пожелните особини и способности на нејзиниот сакан ․․․․․․․. [Седмично читање на Библијата; види wMC 1.11.87, стр. 20]
25. Верните Јеховини слуги не сакаат да прашуваат ․․․․․․․ во корист на _ , бидејќи тоа всушност се комуникации со ․․․․․․․ (Иса. 8:19). [Седмично читање на Библијата; види wMC 1.8.89, стр. 30, пас. 11]
Избери го точниот одговор во секоја од следниве изјави:
26. Според Изреки 26:20, 21, ако сме (брзи да вратиме; отворени; благи по нарав), наместо да ‚да додаваме дрва на огнот‘ и да ги предизвикуваме другите, ќе имаме (лични проблеми; лоша комуникација; добри односи) со нив. [Седмично читање на Библијата; види wMC 15.10.91, стр. 13, пас. 16]
27. Според Изреки 27:6, оној што те сака (никогаш нема да ти каже нешто што ќе ги повреди твоите чувства; ќе се плаши да ти ја каже вистината за тебе; ќе ти даде совет кога ти е потребен). [Седмично читање на Библијата; види wE 15.9.90 стр. 28]
28. Доказот дека Соломон бил писателот на Проповедник може да се види по тоа што (неговото име се појавува низ целата книга; писателите на други библиски книги го именуваат како нејзин писател; самата книга го потврдува Соломон како писател без да го именува). [si стр. 112, пас. 4]
29. Луѓето кои мислат дека денешниот неосудувачки, потполно попустлив менталитет е просветлувачки, всушност се (безопасни; само толерантни; во духовна темнина) (Иса. 5:20). [Седмично читање на Библијата; види wMC 1.3.93, стр. 11]
30. Песна над песните истакнува (Соломоновата улога како цар; Соломоновите големи богатства; верноста на една селанка кон еден пастир). [si стр. 115, пас. 2]
Сложи ги следниве библиски стихови со долунаведените изјави: Изр. 22:3; Проп. 7:21, 22; Иса. 13:19, 20; Мат. 5:23, 24; Кол. 3:18-20, 23, 24
31. Иако Јехова не го заштитува автоматски својот народ од несреќи, граѓански војни или од криминал, покажувањето на практична мудрост темелена на Библијата може да биде од корист. [Седмично читање на Библијата; види wMC 1.1.92, стр. 17, пас. 23]
32. Постојат добри причини зошто никогаш да не се сомневаме во исполнувањето на некое вдахновено пророштво. [Седмично читање на Библијата; види wMC 15.5.93, стр. 6]
33. Вистинскиот христијанин презема иницијатива да унапредува мирољубиви односи со своите браќа [uw стр. 135, пас. 10]
34. Напредокот во семејните односи не доаѓа ако само чекаме другите да направат нешто, туку ако секој го направи добро својот дел, со што покажува дека лично практицира побожност во својот дом. [uw стр. 143, пас. 10]
35. Немој нереално да очекуваш совршенство од себе и од своите односи со други несовршени луѓе. [Седмично читање на Библијата; види wMC 1.3.90, стр. 8]