Сите работи правете ги на Божја слава
1 Колку само освежува дружењето со нашите драги браќа и сестри! (1. Кор. 16:17, 18). Со нив се дружиме на состаноците, на собирите, на конгресите и во службата на проповедање. Се дружиме и во неформални прилики, како, на пример, кога имаме гости кај нас дома. На овој начин покажуваме гостољубивост и се охрабруваме еден со друг (Рим. 12:13; 1. Петр. 4:9). Кога подготвуваш свадбен прием, имај ги на ум добрите совети од Стражарска кула од 1 август 1984.
2 Организирани друштвени собири: ‚Јадеме ли, пиеме ли, или нешто друго правиме‘ треба ‚сето тоа да го правиме за слава Божја‘ (1. Кор. 10:31-33). Некои не го применуваат овој совет, па се создаваат проблеми поради друштвените собири кои се преголеми за да можат исправно да се надгледуваат. Во некои случаи се повикани стотици луѓе за да разработат во детали програма која содржи и световна забава. Понекогаш оние кои присуствуваат се замолени да платат влезница или други трошоци. Таквите собири многу потсетуваат на световни настани, тоа е дух кој не е во склад со пристојноста и со библиските начела (Рим. 13:13, 14; Ефеш. 5:15-20).
3 Известено е дека голем број Сведоци се собрале во изнајмени простории каде што начинот на забавување е нездрав и световен и кадешто недостига исправно надгледување. Слични активности, под наслов Викенд на „Јеховини сведоци“, се одржани во хотели или во одморалишта. Поради тешкотијата исправно да се надгледуваат таквите големи групи, настанале проблеми. Имало грубости, претерано се пиело алкохол, па дошло дури и до неморал (Ефеш. 5:3, 4). Друштвените собири на кои има такво однесување, не му се на чест на Јехова. Напротив, му нанесуваат срам на доброто име на собранието и ги соблазнуваат другите (1. Кор. 10:23, 24, 29).
4 Христијаните се охрабрени да покажуваат гостољубивост, но нагласокот треба да се стави на размената на духовни работи (Рим. 1:11, 12). Обично најдобри се малите забави. Книгата Наша служба, на страница 135, вели: „Понекогаш може неколку семејства да бидат поканети во еден стан за да уживаат малку во христијанско дружење. . . . Рабирливо е дека во таквите случаи домаќините мора да се чувствуваат одговорни за сѐ што се случува во таа прилика. Затоа, разумните христијани сфатиле дека е мудро да се ограничи големината на таквата група, како и времето за заедничко дружење“. Исус покажал дека не е потребно ништо специјално кога имаме за цел духовно да ги охрабриме нашите пријатели (Лука 10:40-42).
5 Добро е да им се покаже гостољубивост на сохристијаните. Меѓутоа, постои голема разлика меѓу скромен собир во нашиот дом и детално разработен настан, кој одразува световен дух, во некој изнајмен објект. Кога покануваш други да ти бидат гости, треба да бидат сигурен дека ќе можеш да ја преземеш целосната одговорност за сѐ што се случува. (Види Стражарска кула од 15 август 1992, стр. 17-20.)
6 Навистина, Јехова нѐ благословил со братство од кое можеме да извлекуваме закрепнувачко охрабрување што нѐ мотивира да продолжиме со добрите дела (Мат. 5:16; 1. Петр. 2:12). Со покажување скромност и разумност во друштвените активности, секогаш ќе му донесуваме слава на нашиот Бог и ќе влијаеме изградувачки на другите (Рим. 15:2).