Состаноци за служба за ноември
Седмица од 6 ноември
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.
15 мин: „Новата книга го истакнува спознанието за Бог“. Дискусија со прашања и одговори. Охрабри ги сите потполно да се запознаат со содржината на книгата за да можат делотворно да ја користат на подрачјето.
20 мин: „Целото Писмо е полезно за поука“. Подготви две презентации кои ќе покажат како можеме во службата на подрачјето овој месец да ја нудиме книгата Библијата — Реч Божја или човечка?
Песна 217 и заклучна молитва.
Седмица од 13 ноември
10 мин: Локални известувања. Благајнички извештај. Разгледај ги подготовките за служба на подрачјето во текот на следната седмица.
15 мин: „Редовното присуство на состаноците — неопходно за да останеме цврсти“. Говор и дискусија со присутните.
20 мин: „Однесувај се на начин достоен на добрата вест“. Прашања и одговори. Дај додатни коментари на темел на Стражарска кула од 1 октомври 1989, стр. 27 и 28, пасуси 5-9.
Песна 46 и заклучна молитва.
Седмица од 20 ноември
10 мин: Локални известувања.
15 мин: По потреба на собранието (или говор со наслов „Дали уживаш во личната студија?“, на темел на Стражарска кула од 15 јуни 1994, стр. 8-11).
20 мин: „Помогни им на другите да ја ценат вредноста на Библијата“. Еден старешина дискутира со двајца или тројца објавители за тоа зошто треба да правиме повторни посети со цел да започнеме библиски студии. Разгледување, а потоа практична подготовка со прикажување на предложените презентации за повторна посета.
Песна 8 и заклучна молитва.
Седмица од 27 ноември
10 мин: Локални известувања.
15 мин: „Задржи го твојот ум фиксиран на небесните работи“. Прашања и одговори.
20 мин: Понуда на новата книга Спознание кое води до вечен живот, во текот на декември. Разгледај ги привлечните карактеристики на книгата — впечатливите наслови на поглавјата и интересните слики, како и едноставните објаснувања, величината и вештата употреба на прашања. Издвои неколку точки за разговор кои би можеле да бидат привлечни за луѓето на локалното подрачје. Книгата Спознание е наменета пред сѐ за водење на напредни библиски студии, па затоа треба да се прават посебни напори да се следи интересот секаде каде што е оставена, со цел да се започнат библиски студии. Еден способен објавител нека прикаже една или две кратки презентации. Охрабри ги сите добро да ја користат на подрачјето оваа нова книга, почнувајќи од декември.
Песна 67 и заклучна молитва.