Известувања
◼ Понуда на литература за март: Спознание кое води до вечен живот. Април и мај: Поединечни примероци од Стражарска кула и од Разбудете се! За подрачје кое често се обработува може да се користи и која било погодна брошура. На повторните посети, каде што ќе се пронајде интерес, може да се понуди претплата. Јуни: Спознание кое води до вечен живот.
◼ Претседавачкиот надгледник или некој кој е одреден од него треба на 1 март или колку што е можно кратко после тоа, да ги прегледа собраниските сметки. Извести го собранието кога ова ќе биде готово.
◼ Како што беше известено во изданието на Наша служба за Царството од јануари 1996, посебното јавно предавање за периодот на Споменот оваа година во повеќето собранија ќе биде изнесено во недела, на 21 април. Говорот носи наслов „Да се остане беспрекорен среде една расипана генерација“. Треба да се направи посебен напор да се повикаат оние кои присуствувале на Споменот на 2 април.