ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/96 стр. 2
  • Рубрика прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рубрика прашања
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Сличен материјал
  • Како се финансира нашата организација?
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Можеш ли да понудиш помош?
    Нашата служба за Царството 1999
  • Сведочи секаде каде што има луѓе
    Нашата служба за Царството 1997
  • Прашања
    Нашата служба за Царството 2010
Повеќе
Нашата служба за Царството 1996
km 3/96 стр. 2

Рубрика прашања

◼ Дали е исправно да се приложува за превоз кој е обезбеден од страна на другите?

Некои од нас се наоѓаат во околности кои бараат да зависиме од помошта на другите за редовното посетување на состаноците и учеството во служба на подрачјето. Многу браќа и сестри љубезно прават посебни напори и поттикнати од љубов го користат своето време, возила и други средства за да ни обезбедат превоз. Иако треба да бидат подготвени порано од вообичаено, а се враќаат дома подоцна, тие го обезбедуваат превозот со еден дух на спремност.

Како и во секој друг аспект од нашата христијанска служба, важи начелото кое се наоѓа во Галатјаните 6:5: „Секој ќе го понесе своето бреме“. Затоа, ако некој редовно ни обезбедува превоз, ние треба да го покажеме нашето ценење не само со зборови туку, доколку сме во можност, и со еден разумен прилог за да помогнеме во покривањето на трошоците кои се вклучени (Мат. 7:12; 1. Кор. 10:24).

Дури и ако лицето кое го користи своето возило не побара финансиска помош и не изгледа баш дека има потреба од истата, искрената понуда на прилог секогаш се цени. Возачот може да одбива да прифати што и да било; но, се разбира, тоа треба да биде негова одлука. Меѓутоа, исправно е од твоја страна да понудиш. Ако во моментот не си во можност да приложиш нешто, можеш да го имаш тоа на ум; можеби ќе бидеш во состојба да понудиш нешто дополнително следниот пат кога ќе се возиш (Лука 6:38).

Израз на голема љубов е кога оние кои имаат возила обезбедуваат превоз за другите кои можеби инаку не би биле во состојба да присуствуваат на состаноците или да учествуваат во службата на подрачје (Изр. 3:27). Во исто време, израз на љубов е и кога оние кои имаат корист од ваквата љубезност ја покажуваат својата благодарност со прилози во границите на своите можности (Кол. 3:15).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели