ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/96 стр. 2
  • Состаноци за служба за април

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за април
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 1 април
  • Седмица што почнува од 8 април
  • Седмица што почнува од 15 април
  • Седмица што почнува од 22 април
  • Седмица што почнува од 29 април
Нашата служба за Царството 1996
km 4/96 стр. 2

Состаноци за служба за април

Седмица што почнува од 1 април

Песна 132

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Доколку тоа се однесува на собранието, разгледај ја статијата „Дали ќе работиш на недоделено подрачје?“ Спомни некои истакнати извештаи во врска со славењето на Споменот.

20 мин: „Биди ‚ревностен кон добри дела‘ во текот на април!“ Надгледникот за служба ги обработува пасусите 1-10 со прашања и одговори. Објасни: 1) кои се локалните планови за зголемена активност во службата на подрачјето во текот на април, 2) како може на сите да им се помогне да учествуваат и 3) како можат да бидат вклучени новите и помладите.

15 мин: „Пронајди ги оние кои се исправно настроени“. Разгледај ги предложените презентации, а потоа нека се изнесат два приказа кои ќе покажат како можат тие да се применат. Ако допушта времето, разгледај некои од предлозите за понуда на списанија, кои се наоѓаат во Наша служба за Царството од септември 1995 година, на 5. страница. Потсети дека треба да се спомне дека прифаќаме прилози за унапредување на светското дело.

Песна 193 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 8 април

Песна 72

15 мин: Локални известувања. Благајнички извештај; спомни ја благодарноста што е добиена од Заедницата во врска со донациите. Разгледај ги практичните начини на кои можеме да им помогнеме на новите кои присуствувале на Споменот за да продолжат духовно да напредуваат. Разгледај ја Стражарска кула од 1 април 1991 година, страници 9-12.

15 мин: „Принесувај света служба дење и ноќе“. Прашања и одговори. Прочитај ги 5. и 6. пасус.

15 мин: „Биди ‚ревностен кон добри дела‘ во текот на април!“ Да се обработат пасусите 11-15 со прашања и одговори. Охрабри ги сите да ги анализираат своите лични околности и да пронајдат начини за да го зголемат своето учество во службата на подрачјето.

Песна 113 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 15 април

Песна 133

10 мин: Локални известувања. Потсети ги слушателите за посебното предавање на 21 април, со наслов „Да се остане беспрекорен среде една расипана генерација“. Охрабри да се вложи посебен напор за да му се помогне секому да присуствува.

15 мин: „Времињата се промениле“. Прашања и одговори. Нагласи дека пораката на Царството треба да се презентира на начин што ги задоволува потребите кои најмногу ги притискаат луѓето. Спомни некои семејни и општествени спорни прашања кои се наоѓаат во мислите на многу луѓе, како што е забележано во Стражарска кула од 1 јануари 1994 година, страници 22, 23.

20 мин: „Верата доаѓа од слушање“. Дискутирај како може врачувањето списанија да се користи за да се негува интерес кој може да води до библиски студии со книгата Спознание. Нека се прикажат две или три презентации.

Песна 204 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 22 април

Песна 6

15 мин: Локални известувања. Разгледај ги врвните точки од посебното предавање што беше одржано минатиот викенд. Дискутирај како оваа опомена треба да ги мотивира заинтересираните да заземат цврст став за вистинското обожавање. Исто така, сврти внимание на статијата ‚Продолжете да растете во точното спознание‘ и нагласи колку е важно редовно да се присуствува на Собраниската студија на книга.

12 мин: Рубрика прашања. Говор на старешина. Објасни зошто браќата кои ги водат состаноците треба да избегнуваат недолична фамилијарност кога ги ословуваат поединците само со нивните имиња.

18 мин: Дискусија меѓу старешина и слуга помошник во врска со статијата „Побожните семејства од минатото — пример за нашево време“, што се наоѓа на страници 20-23 од изданието на Стражарска кула од 15 септември 1995 година. Направи практична примена за да имаат корист локалните семејства.

Песна 143 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 29 април

Песна 144

12 мин: Локални известувања. Некои ги опишуваат Јеховините сведоци како „секта“ или „култ“, наведувајќи ги другите на погрешно мислење во врска со нашите активности и цели. На темел на книгата Расудување, на страница 168, накратко објасни како да се побие таквото обвинение.

15 мин: Рамномерно да го обработуваме своето подрачје. Говор на надгледникот за служба. Распрснатите или оддалечените подрачја можеби ретко се обработуваат. Некои можеби намерно избегнуваат да работат на места каде што луѓето се богати или многу религиозни. Деловните подрачја можеби се запоставени. Некои објавители можеби редовно бараат подрачја кои тие лично ги претпочитаат, а не подрачја кои моментално треба да се обработат. Охрабри ги сите да соработуваат со напорите да се работат необработените подрачја. Летните месеци обично даваат добра можност за да се обработуваат оддалечените селски подрачја; можеби ќе може да се организираат групи со автомобили. Пред да го вратиш подрачјето, провери дали е потполно обработено, вклучувајќи ги и местата каде што немало никој. Дај и некои други практични предлози кои покажуваат како можат сите да помогнат за да се обработи вашето подрачје најдобро што може.

18 мин: Да се нуди Стражарска кула и Разбудете се! во текот на мај. Истакни поединечни примероци. На подрачје што е често обработувано, да се нуди некоја соодветна брошура. Да се забележат сите места каде што е оставено нешто, со цел да се воспостави обиколка со списанија. Онаму каде што има постојан интерес, може да се понудат претплати. Нагласи ги далекусежните користи од дистрибуцијата на списанија како еден од најделотворните начини да ѝ се пренесе на јавноста пораката за Царството. Секој да провери дали има доволно на залиха кога оди во служба; да се нудат во секоја прилика. Личните подготовки за седмичен Ден со списанија се добар начин за да се зголеми бројот на дадени списанија. Делотворно е да се работи и од продавница до продавница, како и да се сведочи на улица со списанија. Интересот да се следи со повторни посети кои се наменети за да се започнат студии со книгата Спознание. Да се подготват една или две кратки презентации на понуда на текуштите изданија, можеби користејќи ги презентациите што се наоѓаат во Наша служба за Царството од септември 1995 година, 3. страница, пасуси 3-5; прочитај го 6. пасус.

Песна 195 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели