Известувања
◼ Понуда на литература за април и мај: Поединечни примероци од Стражарска кула и од Разбудете се! За подрачје кое често се обработува може да се користи и која било погодна брошура. Јуни: Спознание кое води до вечен живот. Јули и август: Која било од следниве брошури од 32 страници: Владата која ќе воспостави Рај; „Гледај! Сѐ ново создавам“; Дали треба да се верува во тројство?; Кога ќе умре некој што го сакаш; Која е смислата на животот? Како да се пронајде?; Радувај се на животот засекогаш на Земјата! и Се грижи ли Бог навистина за нас? Онаму каде што е пригодно, може да се нудат брошурите Духовите на мртвите — Дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат? и Ќе постои ли некогаш свет без војни?
◼ Со зголемувањето на денот, онаму каде што е практично старешините нека направат подготовки собранието да минува повеќе време во вечерното сведочење.
◼ Направена е измена во постапката за заменување на Пионерската легитимација. Отсега, промената на Легитимацијата за пионерите поради преселба, промена на презимето, губење на картичката или поради нова доделба, ќе ја доставува Заедницата. Сите непотполнети картички што можеби секретарот ги има во картотеката, треба да се отстранат. Промената на презимето и новите доделби ќе се извршуваат на вообичаен начин, т.е. секретарот ќе ја запише соодветната информација на позадината од Собранискиот извештај (S-1) за тој месец. Потоа Заедницата ќе му достави на собранието нови Легитимации за пионерите. Секакви промени треба веднаш да ѝ се достават на Заедницата за да може нашите картотеки да бидат точни и во тек. Исто така, кога еден пионер ќе прекине со својата служба или е разрешен од службата, треба да се пополни еден примерок од формуларот S-206 и без одлагање да се поднесе до Заедницата.
◼ Почнувајќи од април, значките за обласниот конгрес за 1996 година автоматски ќе бидат вклучени со испораката на литература. Нема да има потреба да се нарачуваат. Според големината на секое собрание, значките ќе бидат испорачани во пакувања од по 25. Ако на собранието му се потребни уште значки, тие треба да се нарачаат со формуларот за нарачка на литература (S(d)-14). Ако некој сака пластична футрола за значките, треба да си нарача.
◼ Сите прашања во врска со датумите и локациите на обласните конгреси во другите земји, треба да се упатат до соодветните канцеларии на подружниците. Адресите на канцелариите на подружниците во светот се наоѓаат на последната страница од книгата Спознание.
◼ Изданија со крупни букви на Стражарска кула сега се достапни на илоко, полски, руски, тагалог, украински и цебуано.
◼ Изданија на Брајово писмо на Стражарска кула сега се достапни и на корејски и португалски.
◼ Нови публикации на располагање:
Албански: Животот — Како настанал? Преку еволуција или преку создавање? (Голем формат); Македонски: Ќе преживее ли овој свет? (T-19).
◼ Нови видеокасети на располагање:
Албански: Јеховини сведоци — Организацијата зад името