Рубрика прашања
◼ Која е исправната употреба на термините „брат“ и „сестра“?
Кога се употребуваат во дословна смисла, термините „брат“ и „сестра“ се однесуваат на оние поединци кои имаат исти родители. Ова природно сродство честопати создава една срдечна приврзаност, а блискоста што ја чувствуваат овие поединци уште повеќе е зајакната со социјалните врски, околностите и со емоционалните врски.
Исус ги поучил своите ученици да му се обраќаат на Јехова во молитва со „Оче наш“. Употребата на тој израз укажува на тоа дека сите ние како христијани сме дел од еден тесен семеен круг каде што се радуваме на едно богато духовно сродство. Исус го нагласил ова особено тогаш кога на своите следбеници им рекол: „Вие сте сите браќа“ (Мат. 6:9; 23:8).
Поради нашите блиски духовни врски во Божјето домаќинство, ние се обраќаме еден кон друг со „брат“ или „сестра“, особено на собраниските состаноци. Во текот на овие духовни прилики, оној кој претседава на состанокот ги ословува крстените поединци со изразите „брат“ или „сестра“, а после тоа следи презимето на личноста на која ѝ се обраќа.
Но, што ако едно некрстено лице сака да учествува на состаноците? Ако едно лице е извесно време поврзано со Јеховиниот народ и наближува до крштавање, сметајќи се себеси дека е Јеховин сведок, не би имало никаков приговор ако пред неговото презиме се каже „брате“ или „сестро“. Ова важи особено тогаш кога едно лице станало некрстен објавител.
Од друга страна, пак, заинтересираните лица кои од неодамна почнале да присуствуваат на нашите состаноци, сѐ уште не презеле чекори кои би ги означиле како дел од Божјето домаќинство. Овие поединци не се ословуваат со „брат“ или „сестра“, бидејќи во нивниот случај не постои духовната поврзаност на Божјето семејство. Затоа, за време на состаноците кон нив би се обратиле поформално, употребувајќи некоја соодветна титула како „Г-дин“ и нивното презиме.
Тоа што на состаноците ги употребуваме изразите „брат“ и „сестра“, укажува на една врска што е далеку поблиска и подрагоцена од која и да е врска на која се укажува со употребата на името. Тоа нѐ потсетува на самата благословена поврзаност што ја уживаме како духовно семејство под еден Татко, Јехова Бог. Исто така, потсетени сме на длабоката љубов и наклоност што ги имаме еден кон друг (Ефеш. 2:19, НС; 1. Петр. 3:8).