ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/96 стр. 2
  • Состаноци за служба за јуни

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за јуни
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 3 јуни
  • Седмица што почнува од 10 јуни
  • Седмица што почнува од 17 јуни
  • Седмица што почнува од 24 јуни
Нашата служба за Царството 1996
km 6/96 стр. 2

Состаноци за служба за јуни

ЗАБЕЛЕШКА: Наша служба за Царството ќе испланира Состанок за служба за секоја недела во текот на летото. Ако е потребно, собранијата можат да направат прилагодувања за да се овозможи присуствување на Обласниот конгрес „Гласници на божествен мир“, како и на Состанокот за служба во неделата после тоа за едно 30-минутно повторување на врвните точки од програмата. Повторувањето на програмата од обласниот конгрес ден по ден, треба навреме да им биде доделено на двајца или тројца оспособени браќа кои ќе бидат во можност да се сосредоточат на истакнати точки. Ова добро подготвено повторување ќе му помогне на собранието да ги запомни клучните мисли за лична примена и за употреба на подрачјето. Коментарите и раскажаните искуства од слушателите треба да бидат кратки и конкретни.

Седмица што почнува од 3 јуни

Песна 181

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Коментирај за месечниот извештај од службата на подрачје, за земјата и за локалното собрание.

15 мин: „Имитирајте ја нивната вера“. Прашања и одговори. Разгледај докази за вера, опфатени во рамката на 13. страница во Стражарска кула од 15 септември 1991. Интервјуирај еден или двајца објавители да откријат што им помогнало да ја задржат нивната редовна активност за Царството долги години.

20 мин: „Ширење на спознанието кое води до вечен живот“ (1—3. пасус). Обработи го 1. пасус. (Вклучи коментари од Стражарска кула од 15 јануари 1996, 12. и 13. страница, 11. и 12. пасус.) Објасни дека новиот изглед на задната страница од Наша служба за Царството е наменет да ни помогне да бидеме подобро подготвени да правиме повторни посети. Бидејќи, честопати е мудро повторната посета да се направи по ден или два, наместо да се чека подолго, на истиот Состанок за служба ќе ги разгледаме предложените презентации како за службата од куќа до куќа така и за повторната посета. Разгледај ги накратко 2. и 3. пасус, секој од нив придружен со приказ. Првиот приказ треба да вклучува кратки коментари за тоа како може да се даде донација за светското дело. Преостанатите презентации во статијата ќе бидат опфатени на следните два Состанока за служба.

Песна 143 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 10 јуни

Песна 63

7 мин: Локални известувања. Благајнички извештај.

8 мин: Обучување на децата во службата на подрачје. Говор на еден старешина. Нашите деца треба да бидат активни со нас во служба уште од рана возраст. Поучувањето и искуството што го стекнуваат ќе обезбедат цврст темел за нивната вера и ревност во подоцнежните години. Битно е тие да ја ценат потребата да ја сфатат службата сериозно и да се однесуваат исправно. Децата мора да избегнуваат недоделкано однесување; службата не е време за играње. Најдобро за нив е да работат со возрасните. Треба да им се помогне да учествуваат во презентациите во склад со нивните способности. (Види Стражарска кула од 1 декември 1988, 12. страница, 20. пасус.) Родителите се одговорни да обезбедат надгледување; тие не треба да ги праќаат децата на состаноци за служба без да ги надгледува некој постар. Пофали ги кога ќе работат добро.

10 мин: „Ширење на спознанието кое води до вечен живот“ (4. и 5. пасус). По краткиот вовед, прикажи ги презентациите за првата посета и повторната посета во 4. и 5. пасус. Охрабри ги објавителите да извршат повторни посети кратко потоа, секаде каде што ја оставиле книгата Спознание.

20 мин: „Како да се прават ученици со книгата Спознание“. Дај кратки уводни коментари, темелени на 1. и 2. пасус. Опфати ги 3—11. пасус, со прашања и одговори. Објасни дека преостанатиот дел од додатокот ќе биде разгледан на Состаноците за служба во јули и август. Охрабри ги сите да го чуваат истиот.

Песна 92 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 17 јуни

Песна 157

10 мин: Локални известувања. Рубрика прашања.

15 мин: „Пријателските разговори можат да го досегнат срцето“. Прашања и одговори. Покани еден или двајца објавители да раскажат охрабрувачки искуства покажувајќи како тие наишле на добар одѕив со пријателски пристап.

20 мин: „Ширење на спознанието кое води до вечен живот“ (6. и 7. пасус). Нагласи ги целите при вршење на повторна посета: негувај интерес, започни студија, направи посебни подготовки да навратиш повторно. По краткото разгледување на презентациите во 6. и 7. пасус, секој од нив нека биде прикажан, покажувајќи како да се започне студија. Прочитај го 17. пасус на 13. страница во Стражарска кула од 15 јануари 1996.

Песна 211 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 24 јуни

Песна 6

10 мин: Локални известувања. Прикажи ги во главни црти подготовките за служба за наредниот викенд.

15 мин: Локални потреби. (Или одржи говор темелен на статијата „Исправно да се управува со речта на вистината“, од Стражарска кула од 1 јануари 1996, 29—31. страница.)

20 мин: „Помогнете им повторно да служат“. Говор и дискусија на еден старешина. За да се охрабрат неактивните, предложи да се користи статијата „Обрнете се кон Мене, и јас ќе се обрнам кон вас“, од Стражарска кула од 1 август 1992. Спомни некои од главните точки.

Песна 151 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели