ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/96 стр. 2
  • Состаноци за служба за август

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за август
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 5 август
  • Седмица што почнува од 12 август
  • Седмица што почнува од 19 август
  • Седмица што почнува од 26 август
Нашата служба за Царството 1996
km 8/96 стр. 2

Состаноци за служба за август

Седмица што почнува од 5 август

Песна 56

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.

20 мин: „Нема престанување во објавувањето на добрата вест“. Говор и дискусија со слушателите. Вклучи извадоци од Увид во Писмото, том 2, страница 673, 1. пасус.

15 мин: „Објавувај ја добрата вест за Царството со брошури“ (1—5. пасус). Во уводниот говор употреби го првиот пасус. Дај позитивни коментари за предностите од користењето на брошурите Живот на Земјата и „Гледај!“ во служба. Подготви два добро извежбани приказа, покажувајќи како може да се постапи на првата и на повторната посета со овие брошури. Еден млад објавител, со помош на својот родител, нека ја демонстрира презентацијата со брошурата Живот на Земјата. Објавителите можеби ќе сакаат своите презентации на други брошури да ги направат по примерот на предложениве.

Песна 136 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 12 август

Песна 32

15 мин: Локални известувања. Благајнички извештај. Вклучи позитивни коментари за статијата „Начини како да се споделува“, од Стражарска кула од 1 декември 1993, 29—31. страница.

15 мин: „Објавувај ја добрата вест за Царството со брошури“ (6—8. пасус). Дај еден краток преглед на содржината на брошурата Влада. Прикажи ги предложените презентации за првата и повторната посета. Охрабри ги сите повторно да дојдат таму каде што оставиле литература.

15 мин: „Прилози за делото на Друштвото ширум светот, го поддржуваат ширењето“. Ентузијастички говор од еден старешина. Вклучи некои статистички податоци за напредокот на делото на Царството во некои од претставените земји, како што се известува во Стражарска кула од 1 јануари 1996.

Песна 129 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 19 август

Песна 174

10 мин: Локални известувања. Разгледај ја Рубриката прашања.

15 мин: „Кој е оспособен да проповеда?“ Еден старешина ја разгледува статијата со двајца или тројца објавители. Нагласи дека ја добиваме најдобрата можна обука, која потполно нѐ опремува како слуги на Бог. Немаме никаква причина да се чувствуваме неадекватни да проповедаме.

20 мин: „Како да се прават ученици со книгата Спознание“. Слушателите дискутираат на 17—26. пасус, од додатокот во Наша служба за Царството, за јуни 1996. Однапред организирај да бидат вклучени локални искуства од оние кои водат студии со книгата Спознание. Може да дадат позитивни изјави за тоа како тие ги примениле предлозите што се наоѓаат во додатокот и како им било помогнато да водат една понапредна домашна библиска студија. Охрабри ги сите да го зачуваат додатокот и лично да го разгледаат секогаш кога ќе започнат нова студија.

Песна 209 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 26 август

Песна 79

10 мин: Локални известувања. Разгледај ја статијата „Нова програма за Денот на посебен состанок“. Најави подготовки за служба на проповедање за викендот.

20 мин: Покажи интерес за школувањето на твоите деца. Говор од еден старешина. Разгледај некои информации од брошурата Јеховините сведоци и образованието, 2—5. страница, покажувајќи зошто го цениме корисното обучување кое се добива во училиште. Дискутирај за тоа, на кој начин тактично да им се објасни на учителите причината зошто ние наместо световните тежнеења највисоко ги држиме духовните цели. Вклучи точки од „Заклучок“, на 31. страница. Охрабри ги родителите да ги применат следниве предлози: Увери се дека децата добро појадувале пред да заминат на училиште. Погрижи се да им се завршени домашните задачи и да ги имаат со себе сите книги. Секогаш покажувај почитување кон училишните прописи и очекувај од децата да го прават истото. Придобиј ги децата да зборуваат дома за школските активности и за секој проблем со кој можеби ќе се соочат таму.

15 мин: Разгледај понуда на литература за септември. Ќе ја користиме книгата Животот — Како настанал? Преку еволуција или преку создавање? Илустрирај ја сестраноста на оваа публикација. Поглавјата 1—15. темелно ги истражуваат полемиките околу тоа како дошол животот овде; 16. поглавје упатува едно општо збунувачко прашање: „Зошто Бог би допуштил страдање?“; 17. и 18. поглавје градат вера во Библијата како Божја веродостојна, инспирирана Реч; 19. и 20. поглавје ја истакнуваат добрата вест за Царството, во врска со животот на Земјата во Рај и објаснуваат како да се достигне тоа. Еден способен објавител нека употреби еден од овие пристапи за да демонстрира кратка презентација на книгата Создавање. Ако собранието сѐ уште има на лагер примероци од книгите Направи го среќен семејниот живот или Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата, тие може да се нудат.

Песна 113 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели