Известувања
◼ Понуда на литература за август: Која и да било од следниве брошури од 32 страници: Владата која ќе донесе рај, Гледај! Сѐ ново создавам!, Дали треба да се верува во тројство?, Кога ќе умре некој што го сакаш, Која е смислата на животот — Како да се пронајде?, Радувај се на животот засекогаш на Земјата и Се грижи ли Бог навистина за нас? Онаму каде што е пригодно, може да се нудат брошурите како што се: Духовите на мртвите — Дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат? и Ќе постои ли некогаш свет без војни? Септември: Животот — Како настанал? Преку еволуција или преку создавање? Собранијата кои ги имаат на лагер: Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата или Направи го среќен семејниот живот, може да ги нудат овие книги. Октомври: Поединечни примероци од Стражарска кула и од Разбудете се! Ноември: Спознание кое води до вечен живот. Ќе се направи посебен напор да се дојде повторно кај сите оние на кои им била врачена литература, со цел да се започнат домашни библиски студии.
◼ Секое собрание ќе добие три формулари за Инвентура на литература (S(d)-18). Собранискиот секретар треба на почетокот на август да се состане со слугата за литература и да одреди датум на крајот од месецот за инвентура на собраниските резерви со литература. Мора да се направи една моментална слика од сета литература на лагер, а вкупните броеви треба да се внесат на формуларот за Инвентура на литература. Тоталниот број за списанија на располагање може да се добие од слугата за списанија. Молиме, испрати го оригиналот до Заедницата, не подоцна од 6 септември. Чувај една копија за своите фајлови. Третата копија може да се искористи како работен лист. Инвентурата треба да се надгледува од секретарот, а комплетираниот формулар треба да биде прегледан од претседавачкиот надгледник. Секретарот и претседавачкиот надгледник ќе го потпишат формуларот.
◼ Собранијата треба да почнат да нарачуваат Календар на Јеховините сведоци за 1997, заедно со нивната септемвриска нарачка на литература. Календарите ќе бидат достапни на англиски, германски, грчки, дански, италијански, јапонски, кинески, корејски, норвешки, полски, португалски, романски, руски, српски, турски, украински, унгарски, фински, француски, холандски, хрватски, чешки, шведски и шпански.
◼ Нови публикации на располагање:
Бугарски: Дали треба да се верува во тројство? Германски, италијански, јапонски, шведски и шпански: Индекс на публикациите на Стражарска кула 1991—1994. Македонски: Дали сме одговорни пред Бог? Управува ли судбина со нашите животи? (T-71). Српски: Индекс на публикациите на Стражарска кула 1986—1990. Турски: Пејте му фалби на Јехова (мал формат).
◼ Нови компакт дискови на располагање:
Англиски: Библиотека на Стражарска кула — издание од 1995