Повторување во Теократската школа за проповедање
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа за проповедање од 6 мај до 19 август 1996. Употреби посебен лист хартија за да запишеш колку што можеш повеќе одговори на прашањата во зададеното време.
[Напомена: Во текот на писменото повторување, за да се одговори на кое било прашање, може да се користи само Библијата. Референциите кои следат после секое прашање се наменети за лично истражување. После секоја референција за Стражарска кула, можеби нема да се појават броевите на страници и пасуси.]
Одговори со точно или неточно на секоја од следниве изјави:
1. Исусовата жртва ги заменила сите жртви што се принесувале под Мозаитскиот закон. [uw стр. 33, пас. 8(4)]
2. ‚Гог од Магог‘ е симболично укажување на владите од овој свет (Езек. 38:2). [Седмично читање на Библијата; види w 15.8.91, стр. 27, пас. 2.]
3. Исто како што Охола ѝ била постара сестра на Охолива, што е прикажано во Језекиил 23. поглавје, така и римокатолицизмот е постара сестра на протестантизмот, а исто така и двете организации се извалкале вршејќи духовна прељуба со комерцијалните и политичките сили на светот. [Седмично читање на Библијата; види wE 1.4.89, стр. 30.]
4. За некое лице да стане светец, тоа мора да умре. [rs стр. 355, пас. 4]
5. Дека Библијата се толкува самата себе може да се види од начинот на кој Откровение 21:8 објаснува што е означено со тоа што Сатана е фрлен во „огнено и сулфурно езеро“, како што е опишано во Откровение 20:10. [rs стр. 350, пас. 4]
6. Јаков 4:17 и Језекиил 33:7—9 се во согласност, покажувајќи дека спознанието за она што Бог го бара од нас нѐ прави одговорни пред него. [Седмично читање на Библијата; види w 1.4.93, стр. 7, пас. 1.]
7. Даниил докажал дека е вистинит пророк со тоа што го објаснил значењето на сонот за ликот, откако царот Навуходоносор му го опишал. [Седмично читање на Библијата; види Даниил 2:7—9, 26.]
8. Водата што тече од храмот во визијата опишана во Језекиил 47:1, ја претставува очистувачката моќ на крштавањето. [Седмично читање на Библијата; види w 1.2.89, стр. 20, пас. 20.]
9. Никогаш не се плаши да му речеш „не“ на некој што те наговара „малку да се забавуваш“, дури и ако поканата доаѓа од лице кое тврди дека е христијанин (2. Петр. 2:18, 19). [uw стр. 43, пас. 11]
10. Бог го создал Ѓаволот. [rs стр. 348, пас. 1]
Одговори на следниве прашања:
11. Што би требало да ни помогне да го цениме Авраамовиот обид да го принесе Исак? (1. Мој. 22:1—18). [uw стр. 32, пас. 8(1)]
12. Зошто може да се каже дека работната задача што им ја дал Јехова Бог на Адам и Ева била закон? (1. Мој. 1:28; 2:15). [uw стр. 38, пас. 2]
13. На кој начин Јеховините помазани сведоци и нивните придружници мораат да бидат како Језекиил? (Језек. 11:25). [Седмично читање на Библијата; види w 1.2.89, стр. 12, пас. 3.]
14. Кој е вклучен во семето на Змијата? [uw стр. 30, пас. 3]
15. Освен што го обвинил Јехова дека лаже, што тврдел Сатана дека Јехова им скратува на своите творби? (1. Мој. 3:1—5). [uw стр. 46, пас. 1]
16. Кое е значењето на божественото име Јехова? [kl стр. 25, пас. 7]
17. На кои два начина може да се каже дека Адам и Ева умреле „во оној ден“ кога каснале од дрвото на спознание на добро и зло? (1. Мој. 2:17). [uw стр. 56, пас. 5]
18. Како 2. Солунјаните 1:9 и Откровение 21:8 јасно покажуваат дека сеопштото спасение е лажно учење? [rs стр. 369, пас. 1—3]
19. Кој пророк се осврнал на Земјата како на ‚круг‘ и каде во Библијата е запишано тоа? [kl стр. 17, пас. 14]
20. Кој е главниот извор на доказ дека постои Ѓаволот, од кој очевидец имаме неоспорно сведоштво и на кој начин големината на злото во светот нѐ убедува во постоењето на Сатана? [rs стр. 346, пас. 2, 3]
Впиши го зборот или фразата што е потребна за да се доврши секој од следниве искази:
21. Во исполнување на Језекиил 21:26, „високото“ царство ․․․․․․․․ било ‚снизено‘ со тоа што било уништено во ․․․․․․․․, а ‚понизените‘ царства на ․․․․․․․․ биле ‚издигнати‘ и оставени да управуваат со Земјата без мешање од страна на типичното Божје ․․․․․․․․ [Седмично читање на Библијата; види w 1.2.89, стр. 14, пас. 16.]
22. Дел од книгата на ․․․․․․․․ всушност е однапред напишана ․․․․․․․․, која се сосредоточува на борбата за превласт на големите династии низ вековите. [si стр. 138, пас. 1]
23. Изразот ‚слугата Мој Давид‘ во Језекиил 34:23, кој бил напишан долго време после смртта на ․․․․․․․․, е пророчка изјава и укажува на ․․․․․․․․. [si стр. 137, пас. 31]
24. 2. Мојсеева 34:7 укажува на тоа што ќе им се случело на Израелците како ․․․․․․․․ ако згрешеле против Бог и ако биле одведени во заробеништво, додека Језекиил укажува на ․․․․․․․․ одговорност пред Бог. [Седмично читање на Библијата; види w 1.7.88, стр. 16.]
25. Кога ја читаш Библијата, добро е да се прашаш како можеш ․․․․․․․․ да го примениш она што го читаш и како можеш да го искористиш она што го читаш за да им помогнеш на ․․․․․․․․. [uw стр. 26, пас. 12(4) и стр. 28, пас. 12(5)]
Избери го точниот одговор во секој од следниве искази:
26. Главна грижа во животот на еден христијанин е (да има предности во собранието; да го преживее Армагедон; да има добар однос со Јехова). [uw стр. 42, пас. 9]
27. Многу луѓе одбиваат да признаат дека проблемите со кои можеби се судираме честопати се јавуваат поради (луѓето кои сакаат да нѐ повредат; времето и непредвидените околности; нашите лични грешни желби и лошото друштво) (1. Кор. 15:33; Јак. 1:14, 15). [uw стр. 44, пас. 13]
28. Нашето (спознание; способноста да поучуваме; однесување) покажува каде стоиме во однос на најголемото спорно прашање што ја вклучува нашата лојалност кон Бог. [uw стр. 52, пас. 12]
29. Први кои станале ‚садови на милосрдноста‘ биле (народите; Евреите; обрезаните Самарјани), потоа дошле (народите; Евреите; обрезаните Самарјани) и на крајот дошле (народите; Евреите; обрезаните Самарјани) (Рим. 9:23, 24). [uw стр. 57, 58, пас. 8, 10]
30. Падот на Вавилон го прорекле (Даниил и Осија; Јоил и Амос; Исаија и Јеремија). [kl стр. 18, пас. 17]
Поврзи ги следниве библиски стихови со долунаведените изјави: Псал. 77:40, 41; Езек. 18:25; Иса. 55:10, 11; Дела 8:32—38; Дан. 1:8, 11—13
31. Ценењето за вистината и за она што го направил Исус како исполнување на библиските пророштва ги поттикнува луѓето со искрени срца да се крстат. [uw стр. 32, пас. 7]
32. Младите христијани не би требало да се колебаат да им кажат со почитување на властите и на соучениците дека тие нема да ја извалкаат својата божествено школувана совест. [Седмично читање на Библијата; види w 1.11.92, стр. 14, пас. 17.]
33. Божјата првобитна намера со човештвото и со Земјата ќе биде исполнета. [kl стр. 9, пас. 10]
34. Како вистински христијани мораме секогаш да бидеме спремни да го прилагодуваме своето размислување спрема Јеховините патишта и никогаш не треба да мислиме дека полноважниот библиски совет не е применлив за нас и да го игнорираме. [Седмично читање на Библијата; види wE 1.11.90, стр. 31.]
35. Бог има чувства и изборите што ги правиме се битни за него. [kl стр. 14, пас. 8]