ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/96 стр. 2
  • Состаноци за служба за октомври

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за октомври
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 7 октомври
  • Седмица што почнува од 14 октомври
  • Седмица што почнува од 21 октомври
  • Седмица што почнува од 28 октомври
Нашата служба за Царството 1996
km 10/96 стр. 2

Состаноци за служба за октомври

Седмица што почнува од 7 октомври

Песна 47

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Коментирај за јулскиот извештај од службата на подрачјето, за земјата и за локалното собрание.

15 мин: Рубрика прашања. Надгледникот за служба или друг оспособен старешина дискутира со слушателите за информациите.

20 мин: „Подготви сопствена презентација на списанија“ (пасуси 1—7). Постави прашања за пасуси 1—4, а потоа прикажи две или три кратки презентации за да покажеш како можат да се понудат текуштите списанија, користејќи ги предлозите од 5—7. пасус. Вклучи коментари од Стражарска кула од 1 јули 1987, страници 23, 24, пасуси 8, 9.

Песна 222 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 14 октомври

Песна 29

10 мин: Локални известувања. Благајнички извештај.

15 мин: „Објавување на добра вест за нешто подобро“. Прашања и одговори. Истакни некои епохални статии што се појавија во Стражарска кула. (Види Стражарска кула од 1 јули 1987, страница 19.)

20 мин: „Подготви сопствена презентација на списанија“ (пасуси 8—11). Прашања и одговори. Вклучи коментари за четирите предлози од Стражарска кула од 1 јануари 1994, страници 24, 25, пасуси 18—21. Употребувајќи ги октомвриските изданија од списанијата, покажи како да се подготви презентација: 1) Избери статија која веројатно ќе предизвика интерес на твоето подрачје, 2) побарај некоја интересна точка за да ја истакнеш, 3) формулирај прашање што би можел да го употребиш за да го привлечеш вниманието кон таа точка, 4) избери стих за да го прочиташ ако ти се даде прилика и 5) подготви свои уводни зборови и што ќе речеш во врска со списанието за да го охрабриш станарот да го прифати. Двајца или тројца способни објавители нека прикажат по една презентација. Вклучи еден млад објавител кој ќе прикаже едноставна понуда на списание. Тие треба да спомнат дека прифаќаме донации за нашето светско дело.

Песна 82 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 21 октомври

Песна 169

15 мин: Локални известувања. Објасни како да се започне обиколка со списанија: 1) Забележи го секое место каде што си оставил списание, како и статијата што била истакната, 2) договори да навратиш со следните изданија и 3) постави си одредено време во твојот седмичен распоред за служба за да ги направиш овие посети. Сети се да ја известиш секоја посета при обиколката со списанија како повторна посета.

15 мин: „Работи го твоето подрачје темелно“. Дискутирај за статијата и за тоа какви локални подготовки се направени за работење по деловни простории. Замоли ги присутните да раскажат охрабрувачки искуства на кои се радувале додека ги обработувале продавниците кои ги опфаќа нивното подрачје.

15 мин: Локални потреби. Или, говор на старешина на темел на статијата „Одржи ја твојата доверба непоколеблива до крајот“, од Стражарска кула од 1 мај 1996, страници 21—24.

Песна 172 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 28 октомври

Песна 27

10 мин: Локални известувања. Со оглед на неколкуте претстојни световни празници во следните месеци, и можеби предвидените слободни денови од световната работа и училиштето, охрабри ги сите да размислат за можноста да се пријават како помошни пионери. Поттикни ги сите овој викенд да ги предадат извештаите за служба на подрачјето за октомври.

20 мин: „Како да го откупиме поволното време“. Прашања и одговори. Вклучи коментари од Стражарска кула од 1 мај 1990, страници 14, 15, пасуси 7—11.

15 мин: Прегледај ја понудата на литература за ноември. Ќе ја нудиме книгата Спознание, и ќе вложиме посебни напори за да навратиме на сите места каде што е оставена литература, со цел да започнеме домашни библиски студии. Двајца или тројца способни објавители дискутираат за вредноста на книгата и за тоа како можеме да ја употребиме. Информациите што ги содржи таа се однесуваат на животите на луѓето од сите животни профили. Ги опфаќа основните библиски теми и начелата што треба да ги разберат новите пред да се крстат. Ако ја одржуваме студијата напредна со добро темпо, ученикот може брзо да напредува. Дискутирај и прикажи како да се започне студија со користење директен пристап: Разгледај ги сликата и текстот на страници 4, 5; објасни ја нашата метода на проучување; кратко дискутирај за првите пет пасуси од 1. поглавје; договори да навратиш подоцна и да ја продолжиш дискусијата за да одговориш на прашањето: Дали вечниот живот е само сон? Нагласи ја радоста што произлегува од предноста да се води домашна библиска студија.

Песна 162 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели