Известувања
◼ Понуда на литература за октомври: Поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Ноември: Спознание кое води до вечен живот. Ќе се направи посебен напор за да се наврати на сите места каде што е оставена литература, со цел да се започнат домашни библиски студии. Декември: Библијата — Реч Божја или човечка? Јануари: Која било книга од 192 страници, издадена пред 1984, што можеби собранието ја има на залиха. Собранијата кои немаат залиха од такви книги, можат да ја нудат книгата Да се преживее за живот на новата Земја.
◼ Додатокот од ова издание на Наша служба за Царството е „Распоред за теократска школа за проповедање — 1997“ и треба да се чува заради информации во текот на 1997.
◼ Собранијата треба да почнат да нарачуваат Секојдневно разгледување на Писмото — 1997, со нивната нарачка за литература за октомври. Брошурите ќе бидат на располагање на: албански, англиски, арапски, виетнамски, германски, грчки, гуџарати, дански, илоко, италијански, јапонски, кинески, кинески (поедноставен), корејски, македонски, норвешки, полски, португалски, романски, руски, самоа, српски, тагалог, турски, украински, унгарски, фински, француски, хебрејски, хинди, холандски, хрватски, шведски и шпански. Сѐ додека овие брошури не бидат достапни и додека не се изврши испораката, на собраниските листи за пакување ќе стои „Во тек“. Брошурата Секојдневно разгледување на Писмото спаѓа во посебна нарачка.
◼ Нови публикации на располагање:
Српски: Владата која ќе воспостави рај. Турски: Пеколен оган — Дали е дел од божествената правда? (T-74)
◼ Нови компакт дискови на располагање:
Англиски: Мелодии на Царството на компакт диск — 2. дел
◼ Нови видеокасети на располагање:
Англиски: Јеховините сведоци стојат цврсто против нацистичкиот напад. Германски: Обединети со божествената поука