ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/96 стр. 1
  • Ние имаме налог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ние имаме налог
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Сличен материјал
  • „Одете и правете ученици“
    „Појди по мене!“
  • „Проповедај ја речта“!
    Пејте му фалби на Јехова
  • Како Јехова ни помага да ја извршуваме нашата служба
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Зошто Јеховините сведоци проповедаат од куќа до куќа?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Нашата служба за Царството 1996
km 11/96 стр. 1

Ние имаме налог

1 Исус им заповедал на своите следбеници да ‚прават ученици од сите народи‘ (Мат. 28:19, НС). Во 232 земји и островски групи ширум земјата, преку пет милиони фалители на Јехова Бог даваат живо сведоштво во исполнување на Исусовата заповед. Но, што е со нас лично? Дали сериозно го сфаќаме налогот да проповедаме?

2 Морална обврска: Налог претставува „заповед да се извршат пропишани одредби“. Ние имаме наредба од Исус да проповедаме (Дела 10:42). Апостол Павле сфатил дека тоа му наложило неопходност, т.е. морална обврска да ја објавува добрата вест (1. Кор. 9:16). Да илустрираме: замисли дека ти си член на посада на еден брод што тоне. Капетанот ти наредува да ги предупредиш патниците и да ги упатиш кон чамците за спасување. Дали ќе ја игнорираш таа заповед и ќе се сконцентрираш само на сопственото спасување? Секако, не. Другите зависат од тебе. Нивните животи се на коцка. Ти си морално обврзан да го извршиш твојот налог да им помогнеш.

3 Нам ни е божествено наложено да одгласуваме едно предупредување. Наскоро Јехова ќе донесе крај на сиот овој злобен систем на ствари. Милиони животи висат во воздух. Дали би било исправно од наша страна да ја игнорираме опасноста за другите и да бидеме загрижени само да се спасиме себеси? Се разбира, не. Ние сме морално обврзани да помогнеме да се спасат животите на другите (1. Тим. 4:16).

4 Да следиме верни примери: Пророкот Језекиил чувствувал одговорност да им даде предупредувачка порака на неверните Израелци. Јехова отсечно го предупредил за последиците ако пропушти да ја изврши својата задача: „Кога ќе му речам на беззаконикот: ‚Бездруго ќе умреш!‘, а ти не го вразумиш [предупредиш, НС] . . . тој беззаконик ќе умре во беззаконието свое, но крвта негова Јас ќе ја барам од рацете твои“ (Езек. 3:18). Језекиил лојално го исполнил својот налог дури и покрај круто прогонство. Затоа, тој можел да се радува кога биле извршени Јеховините пресуди.

5 Со векови подоцна, апостол Павле напишал за својата одговорност да проповеда. Тој изјавил: ‚Јас сум чист од крвта на сите, бидејќи не пропуштив да ви ја соопштам целокупната волја Божја‘. Павле проповедал јавно и од куќа до куќа поради тоа што сфатил дека пропустот да се прави така би можел да го направи пред Бог виновен за крв (Дела 20:20, 26, 27).

6 Дали ја имаме ревноста на Језекиил? Се чувствуваме ли поттикнати да проповедаме како што бил Павле? Нашиот налог е истиот како што бил нивниот. Мораме да продолжиме да ја исполнуваме нашата одговорност да ги предупредуваме другите и покрај нивната апатија, рамнодушност или противење. Уште илјадници можат да одговорат на пораката за Царството и да изјават: „Ќе појдеме со тебе, оти чувме дека Бог е со вас“ (Зах. 8:23). Нека нашата љубов кон Јехова и кон нашиот ближен нѐ мотивира да не се предадеме. Ние имаме налог да проповедаме!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели