Состаноци за служба за ноември
Седмица што почнува од 4 ноември
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Коментирај за јулскиот извештај од службата на подрачјето за земјата и за локалното собрание.
15 мин: „Дали исправно управуваш со Божјата Реч?“ Прашања и одговори. Вклучи коментари за темата „Причини за разгледување на Библијата“ од книгата Расудување, страници 43, 44.
20 мин: „Ова значи вечен живот“ (пасуси 1—5). После кратки уводни коментари за пасус 1, двајца способни објавители нека ги прикажат презентациите за пасуси 2—5. Потсети дека кога се остава литература да се спомне подготовката за донација. Нагласи ја целта да се започне библиска студија.
Песна 130 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 11 ноември
10 мин: Локални известувања. Благајнички извештај.
20 мин: Зошто да му се дава на Јехова? Дискусија меѓу двајца старешини кои ги истакнуваат главните точки од статијата, од стр. 28—31, од Стражарска кула од 1 ноември 1996. Или информациите може да ги презентира еден старешина во вид на говор.
15 мин: „Ова значи вечен живот“ (пасуси 6—8). Дискутирај за предностите од користењето директен пристап за започнување студии. Искусни објавители нека ги прикажат презентациите од пасуси 6, 7. Покани ги присутните да раскажат примери каде што била започната студија на прва посета. Кога директно му била понудена студија, еден човек одговорил: „Да. Влезете. Многу би сакал да имам студија“. Студијата била започната со него, следната седмица целото негово семејство зело учество, и наскоро сите присуствувале на состаноците и учествувале во делото на сведочење. Охрабри ги сите следната седмица на Состанокот за служба да го понесат својот примерок од додатокот на Наша служба за Царството од јуни 1996.
Песна 129 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 18 ноември
10 мин: Локални известувања.
15 мин: „Ние имаме налог“. Прашања и одговори. Кратко коментирај ги пасусите 13—16 од Стражарска кула од 1 мај 1988, страница 22.
20 мин: Да се водат напредни библиски студии. Говор на надгледникот за служба. Ние ја користиме книгата Спознание во делото на библиски студии повеќе од една година. Веројатно некои ученици веќе ја завршиле, додека други се длабоко навлезени во книгата. Ние бевме охрабрени да се концентрираме на водење студии кои се наменети да им помогнат на новите брзо да ја научат вистината, да ја применуваат во своите животи и да станат дел од собранието. Додатокот на Наша служба за Царството од јуни 1996 даде добри предлози за да ни помогне да бидеме делотворни како учители. Кратко разгледај некои од работите што можеме да ги правиме за вешто да ги учиме учениците, како што е обработено во пасусите 3—13 од тој додаток. Како следно, сосредоточи се на тоа што треба да се направи за да им се помогне да заземат позитивен став, како што е изложено во пасусите 14—22. Прочитај ги пасусите 15, 17, 20, 21. Разгледај некои позитивни извештаи кои покажуваат какви добри резултати постигнале некои локални објавители. Охрабри повеќе да се учествува во делото на библиски студии.
Песна 85 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 25 ноември
5 мин: Локални известувања.
15 мин: „Дели со другите според нивните потреби“. Говор на старешина.
10 мин: Рубрика прашања. Дискусија со присутните.
15 мин: Преглед на понудата на литература за декември. Нуди ја книгата Библијата — Реч Божја или човечка? Изложи и прикажи кратка презентација, користејќи мисли од страница 189 од Библијата — Реч Божја или човечка? Каде што е покажан интерес, треба да се направат јасни подготовки за повторна посета.
Песна 180 и заклучна молитва.