ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/96 стр. 1
  • Кој ќе ја слуша нашата порака?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој ќе ја слуша нашата порака?
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Сличен материјал
  • Имаме нова алатка за започнување студии!
    Нашата служба за Царството 2001
  • Собери храброст да правиш повторни посети
    Нашата служба за Царството 1997
  • ‚Донесувај добра вест за нешто подобро‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Успешна кампања со Веста за Царството
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Нашата служба за Царството 1996
km 12/96 стр. 1

Кој ќе ја слуша нашата порака?

1 Како никогаш порано во човечката историја, луѓето се преплавени со информации, од кои голем дел се безначајни па дури и заведувачки. Како последица на тоа, многумина се чувствуваат затрупани, а за нас станува предизвик да ги наведеме да ја слушаат пораката за Божјето Царство. Тие не сфаќаат каков позитивен ефект може да има врз нив слушањето на Божјата Реч (Лука 11:28).

2 Ние се радуваме што во многу делови на светот, десетици илјади луѓе ја слушаат таа порака и ја прифаќаат нашата понуда на домашни библиски студии. Но, во други подрачја, одѕивот ни приближно не е толку голем. Многу од посетите што ги правиме во службата се без позитивни резултати и можеби се прашуваме кој ќе ја слуша нашата порака.

3 Мораме да пазиме да не станеме обесхрабрени. Павле објаснил: „Секој, кој го призове името Господово, ќе се спаси. Но како ќе Го призоват Оној . . . за Кого не чуле? А како ќе чујат без проповедник?  . . како што е напишано ‚Колку им се убави нозете на оние, што благовестат мир, кои го благовестат доброто‘“ (Рим. 10:13—15). Ако трудољубиво го сееме семето на Царството, Бог ќе направи тоа да порасне кај оние кои имаат искрено срце (1. Кор. 3:6).

4 Клучот е да се прават редовни повторни посети: Во подрачјата каде што изгледа дека малкумина луѓе ја слушаат нашата порака, треба да се сосредоточиме на развивање каков и да е интерес што наоѓаме, без разлика дали оставаме литература или не. Зошто брзо да заклучиме дека нема да се постигне ништо? Кога сееме семе, не знаеме каде ќе има успех (Проп. 11:6). Ако навратиме подготвени да споделиме нешто од Писмото, дури и ако е само кратко, можеби ќе можеме да го достигнеме срцето на лицето. Можеме да оставиме трактат или да понудиме текушти списанија. На крајот, можеби ќе можеме да покажеме како изгледа библиска студија. Ќе бидеме пријатно изненадени кога ќе видиме колку Јехова ги благословува нашите напори (Псал. 125:5, 6).

5 Кај една жена која покажала извесен интерес бил оставен трактат. Не можеле повторно да ја најдат дома сѐ до после два месеца, но тогаш била презафатена за да разговара. Повторно ѝ бил оставен истиот трактат. И покрај упорните напори на објавителката да ја најде дома, траело уште три месеци додека стапила во контакт со неа, и тогаш открила дека е болна. Сестрата повторно ја посетила следната седмица и од тоа произлегол краток разговор во врска со трактатот. Кога сестрата навратила следната седмица, жената изразила вистински интерес за пораката за Царството. Една промена на околностите во нејзиниот живот ја направило свесна за нејзината духовна потреба. Била започната библиска студија и, после тоа, таа одушевено проучувала секоја седмица.

6 Како и со сѐ друго што сакаме да видиме како расте, без разлика дали се цвеќиња, зеленчук или, пак, интерес за пораката за Царството, потребно е негување. Тоа бара време, напор, грижлив став и одлучност да не се откажеме. Минатата година се крстиле повеќе од третина милион луѓе кај кои семето на Царството пуштило корени! Ако продолжиме да проповедаме, сигурно ќе најдеме многу повеќе кои ќе ја слушаат нашата порака. (Спореди Галатјаните 6:9.)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели