Учествувај во делото кое никогаш нема да се повтори
1 Во различни периоди од човечката историја било неопходно Јехова да изврши суд врз своите непријатели. Но, поради својата милост, на луѓето со исправно настроени срца тој им дал можност за спасение (Псал. 103:13, НС). Нивната реакција ја одредувала нивната судбина.
2 На пример, пред потопот во 2370 пр. н. е., Ное бил ‚проповедник на правдата‘. Загинале оние кои го игнорирале божественото предупредување (2. Петр. 2:5; Евр. 11:7, НС). Пред уништувањето на Ерусалим во 70 н. е., Исус јасно изложил која постапка се бара за некој да го избегне разорувањето што требало да го снајде градот. Сите кои ја одбиле неговата предупредувачка порака претрпеле ужасни последици (Лука 21:20—24). Таквите божествени предупредувања и судови биле повторувани многупати низ историјата.
3 Современо предупредувачко дело: Уште одамна, Јехова објавил дека ќе го излее својот гнев врз денешниот злобен систем и дека ќе преживеат само кротките (Соф. 2:2, 3; 3:8). Времето за проповедање на оваа предупредувачка порака брзо истекува! ‚Големата неволја‘ е пред врата и сега се собираат кротките. Навистина, „нивите“ се ‚побелени за жетва‘. Според тоа, ниедно друго дело по важноста и по итноста не може да се спореди со ова (Мат. 24:14, 21, 22, НС; Јован 4:35).
4 Ние мораме да учествуваме во разгласувањето на современото предупредување на другите, „без разлика дали ќе слушаат или ќе се воздржуваат“. Ова е задача што е дадена од Бог, која ние не смееме да ја игнорираме (Езек. 2:4, 5; 3:17, 18). Нашето целосно учество во ова дело дава убедлив показ за нашата длабока љубов кон Бог, нашата искрена грижа за ближните и нашата непоколеблива вера во нашиот Спасител Исус Христос.
5 Сега е време да се дејствува: После поранешните судови извршени од Јехова, злото секогаш одново се појавувало затоа што Сатана и неговите демони сѐ уште биле активни. Меѓутоа, овојпат ќе биде поинаку. Сатанското влијание ќе биде отстрането. Никогаш повторно нема да биде потребно глобално предупредување во врска со „големата неволја“ (Откр. 7:14, НС; Рим. 16:20). Ние имаме посебна предност да бидеме вклучени во делото што никогаш нема да се повтори. Сега е време колку што е можно најдобро да ја искористиме оваа прилика.
6 Во врска со својата проповедничка активност, апостол Павле со големо уверување навел: ‚Јас сум чист од крвта на сите‘ (Дела 20:26). Тој не се чувствувал виновен за крв поради некаков пропуст да го разгласи предупредувањето. Зошто не? Затоа што за својата служба можел да рече: „За таа цел, јас навистина напорно работам, напрегајќи се“ (Кол. 1:29, НС). Да се радуваме на истото задоволство, учествувајќи во најголема можна мера во делото кое никогаш нема да се повтори! (2. Тим. 2:15).