Известувања
◼ Понуда на литература за февруари: Откровение — Близу е неговата величествена кулминација! Март: Тајната на семејната среќа. Април и мај: поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! За служба во текот на седмицата и на често обработувано подрачје може да се користи новата брошура Што бара Бог од нас?
◼ Секретарот и надгледникот за служба треба да ја разгледаат активноста на сите општи пионери. Ако некои имаат тешкотија да го исполнат барањето на часови, старешините треба да договорат да им се даде помош. За предлози, разгледај ги писмата од Заедницата (S-201) од 1 октомври 1993 и 1 октомври 1992. Исто така, види ги пасусите 12—20 од додатокот на Наша служба за Царството од август 1986.
◼ Објавителите кои сакаат да служат како помошни пионери во март, април и мај треба сега да ги направат своите планови и рано да ја предадат својата молба. Ова ќе им помогне на старешините да ги направат потребните подготовки за служба на подрачјето и да имаат на залиха доволно списанија и друга литература. Да се објават во собранието имињата на сите на кои им е одобрено да бидат помошни пионери.
◼ Нови публикации на располагање:
Англиски: Индекс на публикации на Watch Tower 1986—1995
◼ Нови видеокасети на располагање:
Англиски: Библијата — нејзината сила во твојот живот (том 3 од серијата Библијата — книга на факти и пророштва)