ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/97 стр. 2
  • Состаноци за служба за февруари

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за февруари
  • Нашата служба за Царството 1997
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 3 февруари
  • Седмица што почнува од 10 февруари
  • Седмица што почнува од 17 февруари
  • Седмица што почнува од 24 февруари
Нашата служба за Царството 1997
km 2/97 стр. 2

Состаноци за служба за февруари

Седмица што почнува од 3 февруари

Песна 27

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.

15 мин: „Учествувај во делото кое никогаш нема да се повтори“. Прашања и одговори.

20 мин: „Да ја презентираме добрата вест со чувство на итност“ (пасуси 1—5). После кратки коментари за 1. пасус, претседавачот на оваа точка дискутира со двајца или тројца објавители за пасусите 2—5. Тие ги разгледуваат врвните точки од предложените презентации и коментираат за тоа зошто овие или слични презентации можат да бидат делотворни на локалното подрачје. Објавителите наизменично ги вежбаат презентациите. Претседавачот ги пофалува, предлага начини како да ги направиме презентациите уште поделотворни и потсетува за потребата да се спомне подготовката за донации. Потоа, тој ги прашува присутните за начините на кои може да се постигне целта да се започнат студии. Изнесува конкретни мисли за тоа како на крај да се започне студија со книгата Спознание.

Песна 34 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 10 февруари

Песна 29

5 мин: Локални известувања. Благајнички извештај.

10 мин: „Да ја презентираме добрата вест со чувство на итност“ (пасуси 6—8). Прикажи ги презентациите од пасусите 6 и 7. Нагласи ја потребата да правиме повторна посета онаму каде што е покажан интерес.

30 мин: „Се бараат — 100.000 помошни пионери“. Ја обработува надгледникот за служба со прашања и одговори. Нагласи ја рамката на страница 3. Разгледај ги распоредите што се дадени како пример на страница 6. Секој крстен објавител треба лично и во молитва да размисли дали тој може да се пријави за еден или за повеќе месеци. Некрстените објавители можат да го прошират своето учество во службата со тоа што ќе си постават лична цел во часови за секој месец.

Песна 43 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 17 февруари

Песна 152

10 мин: Локални известувања. Спомни интересни говорни точки од текуштите списанија што можат да се користат во службата оваа седмица.

13 мин: „Споменот — настан од огромна важност!“ Прашања и одговори. Дај охрабрување целиот месец март да се направи посебен преку помошната пионерска служба. Истакни ја употребата на покани за Споменот.

22 мин: Да се започнуваат домашни библиски студии. Во изминатите месеци беа поделени стотици илјади книги со тврди корици. Ова дава основа за започнување уште многу домашни библиски студии. Разгледај што било постигнато локално во однос на врачувањето книги и друга литература. Охрабри ги објавителите да го следат секој интерес. Неколку објавители нека кажат конкретно кои напори се бараат од нивна страна за да започнат нови домашни библиски студии. Нагласи дека составен дел од нашиот налог е да правиме ученици (Мат. 28:19, 20, НС). Тоа можеме делотворно да го правиме ако настојуваме да ги применуваме предлозите што се изнесени во додатокот од Наша служба за Царството од јуни 1996.

Песна 47 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 24 февруари

Песна 32

18 мин: Локални известувања. Објавете ги имињата на сите оние кои се помошни пионери во март. Објасни дека не е предоцна да се предаде молба. Охрабри ги сите да имаат целосно учество во службата на подрачјето в сабота на 1 март. Изложи ги накратко додатните локални подготовки за состаноците за служба во текот на месецот. Внимателно разгледај ја Рубриката прашања.

12 мин: „Што е со твоите роднини?“ Сопруг и сопруга дискутираат заедно за статијата и одредуваат како да им пристапат со добрата вест на роднините кои не се соверници.

15 мин: Преглед на понудата на литература за март — Тајната на семејната среќа. Кратко дискутирај за причините кои стојат зад распаѓањето на семејството во современото општество. (Види Стражарска кула од 15 октомври 1992, стр. 4—7.) Разгледај ја содржината на книгата на страница 3. Покани ги присутните да изберат поглавја кои би можеле да дадат основа за презентација. Истакни ја корисната рамка за повторување која се појавува на крајот од секое поглавје. Способен објавител нека прикаже како да се презентира книгата. Потсети ги сите да си подигнат примероци за да ги користат овој викенд и, кога ги врачуваат, да ја спомнуваат подготовката за донации.

Песна 48 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели