ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/97 стр. 7
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 1997
Нашата служба за Царството 1997
km 3/97 стр. 7

Известувања

◼ Понуда на литература за март: Тајната на семејната среќа. Април и мај: поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Во текот на седмицата и на често обработувано подрачје може да се користи брошурата Што бара Бог од нас? Јуни: Спознание кое води до вечен живот. Сосредоточи се на започнувањето домашни библиски студии.

◼ Претседавачкиот надгледник или некој кој е одреден од него, треба да ги прегледа собраниските сметки на 1 март или колку што е можно набрзо после тоа. Кога ова ќе биде направено, известете го собранието.

◼ Во повеќето собранија, специјалното предавање за периодот на Споменот оваа година ќе се одржи в недела, на 6 април. Говорот има наслов „Остани чист од световните загадувања“. Сите ние треба да присуствуваме и да им помогнеме на заинтересираните лица кои дошле на Меморијалот, да бидат присутни на предавањето. Она што ќе го чуеме, сигурно ќе биде причина за обновена решеност да му угодиме на Бог.

◼ За да извлечеме најголема корист од собраниските студии на книгата Најголем човек, ве молиме, разгледајте ги одличните упатства кои се појавија во изданието на Наша служба за Царството од септември 1992, на страница 1. Статијата објаснува како да се подготви секоја лекција и во каков облик да биде Собраниската студија на книга. Водителите на студијата и сите кои присуствуваат ќе извлечат корист од повторното разгледување на овие информации.

◼ Во секоја заедница, во различни периоди во текот на годината, постојат световни празници кои ги ослободуваат децата од училиште и даваат слободни денови од световната работа. Тоа создава прекрасни можности за собранието да има зголемено учество во службата на теренот. Старешините треба однапред да предвидат кога ќе се појават ваквите прилики и доволно рано да го известат собранието за подготовките што се прават за групно сведочење во текот на празничните периоди.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели