Северна Америка — домаќин на меѓународни конгреси во 1998
Како што беше објавено в сабота, на 5 октомври 1996, на годишниот состанок на Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania, Водечкото тело планира да одржи меѓународни конгреси во текот на 1998. Заедно со вообичаените обласни конгреси ќе бидат одржани извесен број меѓународни конгреси во Северна Америка, како и во Африка, Азија, Европа, Латинска Америка, подрачјето на Карибите и на Јужниот Пацифик.
Неколку од овие посебни конгреси ќе бидат одржани во Северна Америка, а ќе бидат поканети делегати од целиот свет. Исто така, можеме да очекуваме на овие меѓународни конгреси да има и мисионери. Мисионерите и други кои се во специјална служба во странство и кои ги исполнуваат условите, ќе бидат поканети да присуствуваат на еден од овие конгреси во својата родна земја или во нејзина близина.
Додатни информации во врска со датумите, локациите, условите кои треба да ги исполнуваат делегатите, подготовките за странски делегати и други поединости ќе следат подоцна. Подружницата ќе ги извести собранијата во врска со градот на меѓународниот конгрес на кој ќе бидат поканети објавителите. Ќе бидат дадени информации за датумите и за тоа какви подготовки се прават за избраните делегати.