ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/97 стр. 2
  • Состаноци за служба за април

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за април
  • Нашата служба за Царството 1997
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 7 април
  • Седмица што почнува од 14 април
  • Седмица што почнува од 21 април
  • Седмица што почнува од 28 април
Нашата служба за Царството 1997
km 4/97 стр. 2

Состаноци за служба за април

Седмица што почнува од 7 април

Песна 47

12 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Спомни говорни точки од текуштите списанија.

15 мин: „Мноштвата се присоединуваат“. Прашања и одговори. Разгледај ги клучните предлози обработени во изданието на Стражарска кула од 15 август 1993, стр. 12—17.

18 мин: „Помогни им на неискусните да разберат“. Прашања и одговори. Разгледај ги обележјата на брошурата Бара: поедноставениот метод за проучување, навремените прашања, привлечните илустрации, изобилството референции на Писмото. Нагласи ја целта да се започнат студии кои на крај ќе водат до книгата Спознание. Еден способен објавител покажува како да се започне студија, користејќи го пристапот кој е изложен во 4. пасус. Охрабри ги сите родители во собранието да ја проучуваат брошурата со своите мали деца.

Песна 130 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 14 април

Песна 107

10 мин: Локални известувања. Благајнички извештај. Колку што времето дозволува, кратко раскажи локални искуства од теренот во врска со оставање на брошурата Бара или со започнување библиски студии користејќи ја неа.

15 мин: „Да ги насочуваме учениците кон организацијата зад нашето име“ (пасуси 1—6). Прашања и одговори. Прочитај ги пасусите 5 и 6 и наведените стихови. Раскажи локални искуства во врска со реакцијата на библиските ученици откако ја гледале видеокасетата Јеховини сведоци — организацијата зад името.

20 мин: „Поучувај ги другите што бара Бог“. Дискусија со присутните за пасуси 1—4. Да се прикажат презентациите дадени во 5. пасус, користејќи четири различни рамки — на улица, дома, во деловно место и в парк. Потсети ги сите вечерва да си подигнат брошури и списанија за служба на теренот пред да ја напуштат Салата на Царството.

Песна 6 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 21 април

Песна 113

15 мин: Локални известувања. Објасни дека не е предоцна да се предаде молба за помошна пионерска служба во мај. Разгледај ја Рубриката прашања и запознај го собранието дали се потребни извесни книги за да се дополни библиотеката во Салата на Царството.

15 мин: „Да ги насочуваме учениците кон организацијата зад нашето име“ (пасуси 7—14). Прашања и одговори. Еден способен учител нека прикаже како да се одвива една љубезна отворена дискусија со ученик во врска со потребата да присуствува на состаноците.

15 мин: Целосно да ја користиме нашата литература. Говор на старешина. (Види издание на Наша служба за Царството од септември 1995, стр. 3—5.) Извештаите покажуваат дека собранијата честопати нарачуваат многу повеќе списанија отколку што всушност дистрибуираат секој месец. Скоро 50 проценти никогаш не се известени како поделени. (Покажи што укажуваат статистиките локално.) Што се случува со овие списанија? Многу завршуваат на полица или се фрлаат. Како може да се избегне тоа? Секој објавител треба внимателно да ги процени своите потреби и да нарача само онолку колку што може да даде. Да си стекнеме навика да им нудиме списанија на сите со кои контактираме. Не дозволувај да пропаѓаат постарите изданија. Редовно учествувај во службата со списанија. Имај на ум дека треба да ја спомнеме подготовката за донации и навреме да ги предадеме сите донации.

Песна 204 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 28 април

Песна 46

15 мин: Локални известувања. Потсети ги сите да ги предадат своите извештаи од службата на теренот за април. Објави ги имињата на оние кои ќе бидат помошни пионери во мај. Изложи ги додатните подготовки кои се направени локално за состаноците за служба. Во текот на мај треба да се вложи специјален напор да се проследат местата каде што сме оставиле брошури со цел да се започнат студии. Кратко предложи ги начините на кои можеме тактично да го побараме името и адресата на луѓето на кои неформално им сведочиме. Би можел најпрвин да го дадеш своето име и адреса и да прашаш дали има телефонски број на кој би можел да ги добиеш. Замоли ги присутните да понудат и други предлози кои биле делотворни за нив.

15 мин: „Зошто го прават тоа?“ Еден старешина дискутира за статијата со двајца или тројца општи пионери. (Ако нема, употреби некои кои често се пријавуваат како помошни пионери.) Вклучи врвни точки од статијата „Пионерите даваат, но и примаат благослови“, од изданието на Стражарска кула од 15 јануари 1994. Секој нека објасни зошто тој или таа започнале со пионерска служба. Замоли да раскажат искуства кои покажуваат како биле благословени за она што го прават.

15 мин: Локални потреби. Старешините можат да го употребат ова време за да презентираат информации за конкретни локални потреби.

Песна 129 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели