ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/97 стр. 7
  • Зошто го прават тоа?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто го прават тоа?
  • Нашата служба за Царството 1997
  • Сличен материјал
  • Благословите од пионерската служба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Пионерите даваат, но и примаат благослови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Сега е време да се проповеда!
    Нашата служба за Царството 2005
  • „Ти би бил добар пионер!“
    Нашата служба за Царството 2010
Повеќе
Нашата служба за Царството 1997
km 4/97 стр. 7

Зошто го прават тоа?

1 Во врска со Христос било претскажано дека ‚ревноста за Божјиот дом ќе го јаде‘ (Псал. 68:9). Исусовата ревност за вистинското обожавање на Јехова го натерала да ја стави службата на прво место (Лука 4:43; Јован 18:37). Оваа иста ревност — да се дава сведоштво за вистината, се одразува денес во службата на Јеховините сведоци. Минатата службена година, просечно 645.509 лица ширум светот учествувале во некој вид пионерска служба секој месец. Со оглед на нашето предание на Бог, секој од нас треба во молитва да размисли дали може да ги среди личните околности со цел да служи како помошен или општ пионер (Псал. 110:3, НС; Проп. 12:1; Рим. 12:1).

2 Живеејќи во систем на ствари кој е себично материјалистички настроен, на многумина во светот им е тешко да разберат зошто некој би работел толку напорно во службата за нешто што не донесува парична корист ниту, пак, слава. Зошто пионерите го прават тоа? Тие знаат дека се ангажирани во едно животоспасувачко дело. Мотивирани од длабока љубов кон Јехова и кон својот ближен, тие чувствуваат силна, лична обврска да помогнат во спасувањето животи (Рим. 1:14—16; 1. Тим. 2:4; 4:16). Една пионерска двојка тоа добро го сумирала со зборовите: „Зошто пионериме? Дали би можеле некогаш да се оправдаме пред Јехова ако не би го правеле тоа?“

3 Една друга сестра, во врска со својата одлука да започне со пионерење напишала: „Мојот сопруг и јас направивме планови да живееме со една плата, што значеше да се откажеме од сѐ што не е неопходно. Сепак, Јехова богато нѐ благослови, никогаш не оставајќи нѐ во сиромаштија или во некаква потреба . . . Најдов една реална причина за живеење — да им помагам на оние кои имаат некаква потреба, да дознаат дека Јехова, вистинскиот Бог, не е далеку од оние кои го бараат“. Гледајќи ја итноста на времињата, пионерите се задоволни со неопходните работи за живот додека сериозно настојуваат да стекнат духовни богатства кои ќе траат засекогаш (1. Тим. 6:8, 18, 19).

4 Ако твоите лични околности ти дозволуваат, зошто не им се придружиш на стотиците илјади твои браќа и сестри ширум светот кои пионерат? На тој начин можеш да ја доживееш истата радост како нивната.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели